Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Софија Јанева по породувањето: „Двапати во 20 дена фатив мастит, а завршив и на ургентно со многу висока температура“

„Доењето е екстремно тешко. Колку и да се едуцирав за доењето додека бев бремена, во пракса работите излегоа многу поинакви. Посебно поради фактот дека се породив со царски и долго време немав млеко, па наеднаш ми надојде многу...“, ја започнува својата исповед Софија Јанева.

sofija-janeva-po-poroduvanjeto-dva-pati-vo-20-dena-fativ-mastit-a-zavrshiv-i-na-urgentno-so-mnogu-visoka-temperatura-01.jpg

Инфлуенсерката Софија Јанева со сопругот Виктор го доби синот Матео на 31.01.2025.

Сега, таа споделува искуства од првите денови во улогата на мајка и искрено вели дека не е сè така како што си замислуваме.

Вели дека некои работи би сакала да ги знае пред да се породи.

sofija-janeva-po-poroduvanjeto-dva-pati-vo-20-dena-fativ-mastit-a-zavrshiv-i-na-urgentno-so-mnogu-visoka-temperatura-05.jpg

5 работи што би сакала да ги знаев пред да се породам

1. Доењето е екстремно тешко. Колку и да се едуцирав за доењето додека бев бремена, во пракса работите излегоа многу поинакви.


Посебно поради фактот дека се породив со царски и долго време немав млеко, па наеднаш ми надојде многу.

Двапати во рок од 20 дена фатив мастит и еднаш завршив на ургентно со многу висока температура.

Јас лично имам многу голема желба да дојам, па затоа и не се откажав, но комплетно ги разбирам сите оние мајки што свесно се одлучиле да се префрлат на адаптирано.

2. Помошта од фамилијата не е само пожелна, туку клучна во првите неколку недели.

По породувањето, јас едвај се движев и се справував со најосновните активности.

Помислив дека помошта од семејството ќе биде само за помали работи како домаќински задачи, но реалноста беше сосема поинаква.

sofija-janeva-po-poroduvanjeto-dva-pati-vo-20-dena-fativ-mastit-a-zavrshiv-i-na-urgentno-so-mnogu-visoka-temperatura-03.jpg

3. Новороденчињата се неверојатно гласни додека спијат.

Звуците што ги прават додека спијат се навистина изненадувачки, но за кратко време научив дека тие се сосема нормални и дека треба да се навикнам на новите звуци што се дел од нивниот развој.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синот на Драган Спасов Дац, Јаков, и сопругата Софија очекуваат второ дете „И одеднаш, сите планови станаа за четворица“, стои во описот на Инстаграм објав...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Едина Муса објави прва фотографија со бебето од болница, вечерта по породувањето Едина Муса се породи вчера и уште истиот ден го овековечи овој прекрасен миг со ...
Македонка, мајка на дете со аутизам, со вирална порака: „Намерно фрлија петарда покрај него, а тој г... „Го видов Леон како застанува, очите му се шират во паника, телото му се тресе о...
Новогодишната атмосфера во домовите на познатите Македонци Тамара Тодевска најрано ја зафати новогодишната еуфорија во домот и ги фотографи...
Софија Јанева, наша инфлуенсерка: „Слушав искуства дека бременоста е нешто страшно, но јас имам поин... „Слушав многу искуства и генерално беа дека бременоста е нешто страшно – гадење,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg