Скопскиот маратон дел од Twitterton

skopskiot-maraton-del-od-twitterton-povekjeСкопскиот маратон е еден од 26-те маратони низ целиот свет кои ги соединија своите сили за меѓусебна поддршка на Твитер во тек на 26 дневниот Твитертон.

 

Маратон Твитертон е инициран од Миланскиот градски маратон, а првиот е одржан на 19-ти март. Првиот ден Миланскиот градски маратон испрати по Твитер Порака за надеж до Маратонот на сончевата еклипса. Во текот на 26 дена, секој од 26-те маратони учесници ќе твитаат пораки на нивниот јазик за следниот маратон се до последната порака која ќе биде испратена назад до Миланскиот градски маратон на 13 април.

Скопскиот маратон порака за надеж ќе прими од Дингл маратонот во Ирска, а својата порака ќе ја испрати до BMW Маратонот во Берлин. Ноќта пред Миланскиот маратон, организаторите ќе ги исцртаат сите 26 пораки на летечки змаеви кои ќе бидат пуштени да летаат над градот.

„Со станувањето на скопскиот маратон традиција и знаменитост на градот, сакавме да бидеме вклучени и во оваа специјална активност која го слави маратонскиот дух низ целиот свет. Со испраќање на порака за надеж низ целиот свет, ние ги прифаќаме како наши вредностите на маратонското трчање – издржливост, борбеност и истрајност и со тоа сакаме да ги охрабриме сите народи и нации да се чувствуваат како дел од едно глобално семејство“, изјави Кире Синадиновски, директор на Скопскиот маратон.

Сите твитерџии кои го следат Скопскиот маратон (www.twiter.com/skopjemarathon), при ретвитање на нашата порака или нивни пораки доколку го вклучат #MCM2012 хаштагот ќе учествуваат во наградната игра со постирање на порака за надеж и пријателство во текот на целото натпреварување. Наградната игра ја организира Миланскиот градски маратон, а трае се до 13-ти април.

Пораките за надеж можат да бидат видени на https://twitter.com/#!/search/%23MCM2012, а пораките на секој маратон ќе бидат испраќани секој час во текот на 26-те дена.

Скопски маратон ќе се одржи на 6 мај, а пријавувањата се веќе во тек.

Листата на 26-те маратони според распоредот на испраќање на пораката за надеж

  1. Барклејс Милано Градскиот маратон, Италија
  2. Соларна еклипса маратон, Порт Даглас, Австралиа
  3. Маратон на Големиот ѕид, Бејџинг, Кина
  4. Голд Коуст Аирпорт маратон, Голд Коуст, Австралија
  5. Аиртел Делхи Полу маратон, Индиа
  6. Биг Фајв маратон, Ентабени, Јужна Африка
  7. Нордеа Рига маратон, Рига, Латвија
  8. Петра маратон „Трчај назад во времето“, Петра, Јордан
  9. Братај Виндермер маратон, Виндермер, Кумбрија, Обединото Кралство
  10. Реге маратон, Негрил, Јамајка
  11. Миракл Мач маратон, Вако, Тексас
  12. Еџ то Еџ Маратон, Ванкувер, Канада
  13. Лонг бич Интернашнел Сити Банк маратон, Калифорнија, САД
  14. Видактива Кито полумаратон, Кито Еквадор
  15. Амика Сиетел маратон, Сиетел, Вашингтон САД
  16. Маратон на Велигденските острови, Велигденски острови, Чиле
  17. ВМО Ванкувер маратон, Ванкувер, Канада
  18. Маратон Интернашнел де Пакасмајо, Пакасмајо, Перу
  19. УЦЦ Кофи Кона маратон, Хаваи, САД
  20. Випро Сан Франциско маратон, Сан Франциско, САД
  21. Пунта Кана Полумаратон, Доминиканска Република
  22. Нашенал Колеџ Блу Риџ маратон, Раноке, Вирџинија, САД
  23. Полар Сиркл маратон, Кангерласуак, Гренланд
  24. Дингл маратон, Дингл, Ирска
  25. Скопски маратон, Скопје, Македонија
  26. БМВ Берлински маратон, Берлин, Германија

Би можело да ве интересира:

Наш фризер топи срца: Потстрижува 1-месечно бебенце, додека тоа спие, а тој го лула и гали (видео) Кога имаш срце полно љубов кон децата, трпение и магични раце, тогаш резултатот ...
Ги надмина сите! Македонката, што освои австралиски ерген, со кул, семејна маска „Addams Family“ со ... Снежана Маркоски Вуд, најпознатата Македонка во Австралија, го живее својот сон ...
Жарко Димоски доби син и објави прва фотка, Слаткар и Сања Николиќ на прошетка во Солун: Што прават ... Актерот Жарко Димоски со сопругата Андреа доби син, па шеговито се пожали: „Еден...
Светска, а наша! Ана Стојановска блесна на црвен тепих во Сараево како холивудска дива Ана Стојановска се појави во црн фустан со отсечоци кај стомакот и задникот и из...
Aнтониа Гиговска го брани сопругот, Сара Мејс и Димитар Атанасовски кумови кај диџеј Мац: Што прават... Бодибилдерот Тоше Зафиров со сопругата се најфит пар на плажа на одмор во Египет...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg