Ивона Јо закрепнува по операцијата во Турција: „Отстранети се 11kg кожа и масти“
Дури сега сфаќам колкаво кочење сум имала во животот и каков товар сум носела. Дел од ланците се оставени во Турција, останаа уште два.
Првиот ќе му дозволиме лека-полека да ми го подобри животот - да продишам, да се раздвижам и да бидам секој ден сè подобра и подобра верзија од себе.
Што се однесува до контролите - не, немам контроли тука.
Од болницата во Турција ме отпуштија буквално спремна за домашно опоравување.
Секој втор ден одам на лимфни дренажи и истиснување на лимфата која се наоѓа во телото, а која сега е присутна кај мене во поголеми количини.
Секојдневно имам премачкување на телото, отворање на корсетот, навистина огромен број на обврски кои се нижат во текот на денот, а се однесуваат на физичкото здравје.
Но, со сета помош што ја имам околу мене, сето тоа изгледа лежерно и не делува како голем предизвик.
Самото искуство кога ќе се погледнам сега во огледало е една друга димензија.
Книга да напишам, не би можела да го изразам тоа задоволство, нема зборови со кои би го објаснила тоа што во моментов го доживувам.
Иако е телото полно со отоци, веќе се гледаат резултатите.
Досега имам намалено 11 килограми (сосе кожата што ја извадија при операцијата) и едвај чекам да споделам пред и потоа.
Пред операцијата Тамара ми купи ново огледало, бидејќи старото се скрши, па пак ќе кажам - ланците беа претешки, но сега се кршат.
Сакам домот да го преплавам со огледала, да ги има од сите страни.
Иако тоа не е по Фенг шуи и не е по учењето на духовниот свет, ќе гледам да направам баланс, да внимавам колку се гледам во огледало, иако во моментов навистина сакам цело време да се гледам во огледало“.
Прочитајте и Ивона Јо за CRNOBELO: „Не сакав никој да знае дека сум во депресија, а многу сакав да ми помогнат“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело