Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025
.Net Developer 05-02-2025


Господин од скопските улици е позитива на денот: „Вака беше и дедо ми, секогаш среден и дотеран“

„Леле, денот ми го разубави, вистински господин со стил и манири“, е само еден од бројните позитивни коментари за овој маж во совршено модно издание и со букет во рака. Вакви сцени во Скопје сакаме!

gospodin-od-skopskite-ulici-e-pozitiva-na-denot-vaka-beshe-i-dedo-mi-sekogash-sreden-i-doteran-01.jpg

На македонскиот Инстаграм профилот за архитектура „MELEEM“ осамнаа прекрасни фотографии од еден господин, направени во Скопје.

Фотографиите се вистински мевлем и за очи и за душа.

Овој господин е во совршено модно издание во кафеави тонови и во раката носи прекрасен букет.

Дали го купил за некоја припадничка на понежниот пол или оди на некоја прослава, не знаеме, но чинот секако посочува на маж со манири и е позитива на денот.

Од „MELEEM“ во описот на фотките пишуваат како настанале фотографиите:

„Господине може да Ве сликам? Прекрасен сте!“

„Може, брзо, зелено да фатам...“

gospodin-od-skopskite-ulici-e-pozitiva-na-denot-vaka-beshe-i-dedo-mi-sekogash-sreden-i-doteran-02.jpg

Под фотографиите на Инстаграм се нижат низа коментари со пофални зборови за него:

„Леле, денот ми го разубави, вистински господин со стил и манири“.

„Појак лик немам видено последниве денови, па и месеци“.

„Вака беше и дедо ми, секогаш беше бричен, потстрижан, со шапка, со машна, со крпче во џеб. Нон стоп беше дотеран. Џентлмен пред сè. Најубаво било нивното време кога биле млади. И мажи и жени средени, дотерани, намирисани, со култура во изразувањето. За жал, денешницава...“

„E, ова е врвен стил! Толку класично и елегантно!“

„Вака и дедо ми се носеше, секогаш стокмен со шешир и капут, никаде не излегуваше без нив. Прекрасен е човеков!“

„Џентлмен! Класа!“

Зрачи, зарем не?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg