Hermes чанта, бунда, скап накит - Аделина Тахири издоминира во луксузниот ски-центар Сент Мориц
- Детали
- вторник, 21 јануари 2025
Аделина Тахири е на зимување во познатиот ски-центар Сент Мориц, па секојдневно објавува фотографии и покажува како ужива во Швајцарија.
Пејачката Аделина Тахири, која е позната по својата страст за патување, во моментов е во монденскиот ски-центар Сент Мориц во Швајцарија.
Аделина ужива во луксузот што го нуди познатата зимска локација - од скијање, преку време поминато на планинското сонце, до шопинг и прошетки низ градот на снег.
„Нека снежи, нека снежи“, напиша таа на фотографиите што ги објави на Инстаграм, алудирајќи на популарната зимска песна Let it Snow.
Аделина, како и многупати претходно, покажа дека има беспрекорен стил, па освен што сака да купува познати брендови, знае и како да ги комбинира.
На еден дел од фотографите таа носи долга бунда, комбинирана со крем хеланки, чизми во стилот на Moon booth и чанта од Hermes.
На други, пак, Аделина е облечена во црно-бел комплет, кој го дополнила со синџирче од брендот Van Cleef & Arpels.
„Прекрасна си Аделина“, „Кралица“ - ѝ напишаа во коментари следбениците.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело