Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Столе со девојката во Њујорк, Елиф семејно во Дубаи - Нашите фудбалери на претпразнични патувања

Голманот на репрезентацијата, Столе Димитриевски го прослави 31-виот роденден во снежниот Њујорк, а Елиф Елмас се забавуваше со братучедите во сончевото Дубаи.

stole-so-devojkata-vo-njujork-elif-semejno-vo-dubai-nashite-fudbaleri-na-prepraznichni-patuvanja-011.jpg

Слободните денови пред празниците и периодот кога нема натпревари, дел од нашите фудбалски репрезентативци ги искористија за патување и време со саканите.

Голманот на репрезентацијата, кој е и голман на Valencia, Столе Димитриевски е во Њујорк.

470935866_1248584526253964_821559191992683548_n_copy_copy.jpg

Столе е таму со својата девојка Ирина, со која, се чини дека е неразделен.

Тие и претходно беа во САД - летото го избраа западниот брег и Лос Анџелес, а на почетокот на есента беа во Њујорк, исто како и сега.

471540770_619618367404945_3559133396802221779_n_copy_copy.jpg

Во „Големото јаболко“ Столе го прослави својот 31 роденден (25 декември).

„Ледено роденденско патување“, напиша тој на Инстаграм.

Па, Столе сподели фотографии на снег, додека со девојката се шетаат низ Њујорк, од НБА натпревар, додека Ирина на нејзиниот профил објави и видеа од театарска претстава на која биле, но и од посетата на неколку ресторани.

За разлика од Столе, Елиф Елмас избра топла дестинација за своето претпразнично патување.

Нашиот репрезентативец и фудбалер на RB Leipzig, помина неколку дена во Дубаи.

Тој беше во друштво на своите братучеди, со кои беа и во пустина и возеа џипови на сафари.

stole-so-devojkata-vo-njujork-elif-semejno-vo-dubai-nashite-fudbaleri-na-prepraznichni-patuvanja-20.jpg

Елиф не криеше дека е воодушевен од највисоката зграда на светот, Бурџ Халифа, па освен од пустината, на Инстаграм објави и неколку фотографии направени пред кулата.

stole-so-devojkata-vo-njujork-elif-semejno-vo-dubai-nashite-fudbaleri-na-prepraznichni-patuvanja-07.jpg

Погледнете повеќе фотографии од патувањата на Столе и Елиф на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Која е прекрасната девојка на братот на Даниел Кајмакоски? (фото) Taa e прекрасна оперска певица, родена во Белград, која живее во Австрија, исто ...
Пере од Нокаут: „Денес ми е роденден - не те славам, не ми се пее, деца изгореа во песната“ „Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, н...
Елена Најдоски со кул чизми во Маврово, Елиф Елмас на аџилак во Мека: Што прават македонските ѕвезди... Иван Јованов со сопругата и ќерката, Катерина Шехтанска ѝ го честиташе 16-тиот р...
Полина Тасева го прослави 32-иот роденден - долгоногата убавица ги дувна свеќичките на тортата со са... Долгоногата Полина Тасева со својот одличен вокал дојде како вистинско освежувањ...
Миа Костова си купи нов автомобил, Столе Димитриевски со девојката во Њујорк: Што прават македонскит... Фудбалската легенда Горан Пандев во Струмица се дружеше со Марко Маринковиќ - Сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg