Столе со девојката во Њујорк, Елиф семејно во Дубаи - Нашите фудбалери на претпразнични патувања
- Детали
- понеделник, 30 декември 2024
Голманот на репрезентацијата, Столе Димитриевски го прослави 31-виот роденден во снежниот Њујорк, а Елиф Елмас се забавуваше со братучедите во сончевото Дубаи.
Слободните денови пред празниците и периодот кога нема натпревари, дел од нашите фудбалски репрезентативци ги искористија за патување и време со саканите.
Голманот на репрезентацијата, кој е и голман на Valencia, Столе Димитриевски е во Њујорк.
Столе е таму со својата девојка Ирина, со која, се чини дека е неразделен.
Тие и претходно беа во САД - летото го избраа западниот брег и Лос Анџелес, а на почетокот на есента беа во Њујорк, исто како и сега.
Во „Големото јаболко“ Столе го прослави својот 31 роденден (25 декември).
„Ледено роденденско патување“, напиша тој на Инстаграм.
Па, Столе сподели фотографии на снег, додека со девојката се шетаат низ Њујорк, од НБА натпревар, додека Ирина на нејзиниот
View this post on Instagram
За разлика од Столе, Елиф Елмас избра топла дестинација за своето претпразнично патување.
Нашиот репрезентативец и фудбалер на RB Leipzig, помина неколку дена во Дубаи.
Тој беше во друштво на своите братучеди, со кои беа и во пустина и возеа џипови на сафари.
Елиф не криеше дека е воодушевен од највисоката зграда на светот, Бурџ Халифа, па освен од пустината, на Инстаграм објави и неколку фотографии направени пред кулата.