Хит видео: Синот на Павле и Ирина Камилоски се преврте при санкање - реакцијата бесценета
- Детали
- вторник, 24 декември 2024
„Прво дете на прво снегче. Малку „бум“ ама ќе научиме како треба...“, напиша Ирина Камилоска во описот на забавното видео од Маврово.
Павле и Ирина Камилоски со синот Јосиф го искористија викендот за уживање на снег во Маврово.
Но, за време на санкањето на синот доживеаја мала незгода, односно малиот Јосиф се преврте од санката, но, за среќа, помина неповредено, а видеото е хит поради неговата реакција.
Тој воопшто не плаче. Павле го брише снегот од неговото лице и авантурата продолжува.
Ирина во описот на видеото што го стави на Инстаграм напиша:
„Прво дете на прво снегче. Малку „бум“ ама ќе научиме како треба...“
Инаку, Ирина е бремена и парот го очекува своето второ дете. Тие со забава за откривање на полот дознаа дека повторно очекуваат син.
Клинете за да го видите видеото:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





