На скопскиот плоштад осамна највеличествената Божиќна пештера во регионот - Како ја носеа и поставуваа?
- Детали
- четврток, 19 декември 2024
„На плоштадот Македонија е поставена највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот. Ова ремек-дело претставува можност автентично да се подготвиме за празникот на Христовото раѓање“, велат од здружението „Бадникови поворки“.
Плоштадот Македонија, во срцето на Скопје, конечно блесна во полн сјај. Покрај новогодишната елка и декорации, сега имаме и Божиќна пештера.
Од здружението „Бадникови поворки“ напишаа на нивниот Фејсбук профил:
„На плоштадот Македонија поставена е највеличествената Божиќна пештера во регионот
Драги наши сограѓани, со посебна радост, ве известуваме дека на плоштадот Македонија е поставена највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот.
Ова ремек дело, кое плени со својата возвишена естетика, претставува можност за сите нас автентично да се подготвиме за празникот на Христовото раѓање.
Дојдете заедно да се израдуваме, понесете ги вашите најмили, мали и големи, млади и возрасни, та сите да уживаме во оваа прекрасна глетка, која ги топли нашите души.
Да ја пренесеме божиќната радост во сечие срце и во секој дом!
Ви посакуваме топли празнични моменти и ве очекуваме на Плоштадот Македонија!“