Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кристина Арнаудова револтирана: „Сè ви смета, само нешто да се мразело“

„Сè ви смета. И елки, и семејства, и фоткање, и купаќи, и скии, и исти џемперџиња. Една социјална мрежа за мразачи нека се направи. Таму соберете се и мразете сè“ - напиша Кристина, револтирана од постојаниот „хејт“ на интернет.

kristina-arnaudova-revoltirana-se-vi-smeta-samo-neshto-da-se-mrazelo-01.jpg

Пејачката и претседателка на здружението „Среќа“, Кристина Арнаудова, не го крие револтот од луѓето кои на социјалните мрежи секогаш имаат негативни коментари и на кои им пречат сè и сите.

Таа не додржа, па на Фејсбук објави статус преку кој порача дека можеби би требало да се отвори социјална мрежа за да се соберат сите мразачи на едно место.

kristina-arnaudova-revoltirana-se-vi-smeta-samo-neshto-da-se-mrazelo-03.jpg

Во статусот, Кристина напиша:

„Сè ви смета. Ко на Гринч. И елки, и семејства, и фоткање, и купаќи, и скии, и исти џемперџиња. Само нешто да се мразело.

Ок е. Секој нека живее како сака. Што сме ние тука, судии?

И Гринч на крај научи, само вие останавте да мрчите за исти нешта секоја сезона…

Една социјална мрежа за мразачи нека се направи. Таму соберете се и мразете сè“.

kristina-arnaudova-revoltirana-se-vi-smeta-samo-neshto-da-se-mrazelo-02.jpg

Нејзиниот статус предизвика многу реакции, а во коментарите луѓе велат дека работите „избегаа од контрола“ со социјалните мрежи и дека секој си дава за право и да биде судија и да сподели негативно мислење и омраза.

Објавата на Кристина ја сподели и Тамара Тодевска со коментар дека „секој збор ѝ е на место“.

kristina-arnaudova-revoltirana-se-vi-smeta-samo-neshto-da-se-mrazelo-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...
Кристина Димитри со порака до бившите на нејзиниот дечко: „Јас сум жената за која го промени животот... „Да, јас сум единствената жена во која се заљубил во неговиот живот. Има ра...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg