Моника Милков е третото дете на Весна Петрушевска - со Мина живеат во Дубаи, имаат нераскинлива сестринска врска
- Детали
- вторник, 19 ноември 2024
„Ако си среќен доволно да имаш сестра, која исто така ти е најдобар пријател, тогаш знаеш дека имаш нераскинлива врска“, напиша за Моника за Мина на Инстаграм.
фото (десно): Никита Палшков
Весна Петрушевска во 2015 година го прошири семејството за уште еден член, односно го згрижи третото дете Моника Милков, покрај Кирил и Мина.
Мина (20) годинава замина да живее во Дубаи, токму во друштво на Моника.
Моника Милков на нејзиниот Инстаграм профил открива дека работи со недвижнини, а подготвува и нејзин бренд.
Инаку Моника за роденденот на Мина неодамна на својот Инстаграм профил напиша:
„Ако си среќен доволно да имаш сестра, која исто така ти е најдобар пријател, тогаш знаеш дека имаш нераскинлива врска, таква која е тешко да ја разберете освен ако и вие самите немате сестра. Среќен роденден“.
Како изгледа животот на Моника во Дубаи преку Инстаграм фотки:
С. С. | Црнобело