Џамлии, жмурка: Maкедонските познати личности ги откриваат омилените игри од детството + како изгледале како деца
- Детали
- сабота, 23 ноември 2024
Лила Филиповска вели: „Во детството сакав многу плочка и игравме ластик“, а пак Елена Ристеска: „Јамб, играње со Барбики, цртање книжни кукли и фудбал“.
Се сеќавате ли на детството, на тоа прекрасно безгрижно време кога игравме жмурка, брканица, скокавме на ластик и игравме камај во маало?
Македонските познати личности се потсетија на омилените игри од детство и ги споделија за лексиконот на CRNOBELO.com.
Кои се омилените игри од детството на македонските познати личности?
Елена Ристеска
Јамб, играње со Барбики, цртање книжни кукли и фудбал.
Драган Спасов Дац
Џамлии, жмурка и камај.
Мартинијан Кириловски
Жмурката ни беше една од главните игри, кога во тоа време се собиравме дури и 30 деца од две маала, а една рунда знаеше да трае и до еден час, додека да се најдеме сите.
Игор Џамбазов
Бегање од школо.
Стефан Филиповски од „Некст тајм“
Се тркавме со точаци по одредени патеки и игравме граница.
Сара Мејс
Жмурка, секако, готвачки, а и „Евровизија“ игравме, тоа исто беше многу смешно.
Димитар Андоновски
Да свирам гитара на пушките со кои требаше да си играм, да тропам на тапани на тенџерињата и да возам коли и камиони на сè што ми личеше на волан.
Маја Кикириткова
Играње со Барбики, правење сарми од кал и листови, ластик, жмурка, прекројување фустани на мајка ми…