„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Фаци
Од Зоки се прости и новинарката Соња Алексовска Неделковска, која со многу емоции зборуваше за нивното пријателство.
„Зоки, ова беше фотографијата што ми ја прати кога те прашав како си. Сфатив дека сè оставаш во рацете на бога. Се молевме да те исцели, но реши да те земе кај него.
Ќе ми недостигаш многу. Сега сама ќе ги споделувам нашите спомени, лудории, дружење на настаните.
Бескрајно ти благодарам за почитта. Секогаш бев дел од сите твои емисии, проекти. Бескрајно ти благодарам што беше наш колега и што даде нова димензија на новинарството. Нека ти е светол патот кон вечноста драг пријателе“.
И Миа Костова се прости од Зоки, а ја спомна неговата голема љубов кон коњите.
„Широко небо. Трчај со коњи по облаци и одмори се“, напиша таа.
И Снеже Велков сподели свои спомени за Зоки.
„Нема да ставам црнобела фотографија. Ти каде и да се појавеше внесуваше боја и енергија.
Сите ги чекавме твоите изјави и твоето оригинално 'Клошари едни нискобуџетни',“ напиша Снеже на Инстаграм Сторис.
Поранешната новинарка Силвана Јовановска со емотивна порака се прости од Зоки:
„Беше пред своето време на Балканот, новинар каков немаше на нашите простори. Секогаш позитивен, откачен со чиста и нерасипана душа.
Никогаш нема да заборавам дека прв ми даде шанса кога завршив факултет за новинарство и ме научи што значи естрада. Од првиот ден се однесуваше како да се знаеме цел живот.
И покрај тоа што пројдоа толку години, секогаш кога ќе се видевме како времето да не застанало.
И покрај големата борба и целата поддршка, не издржа. Уште една ѕвезда замина на небото. Почивај во мир Зоки“.
Беше пред своето време на Балканот, новинар каков немаше на нашите простори. Секогаш позитивен, откачен со чиста и...
Posted by Silvana Jovanovska on Thursday, October 31, 2024
Боки 13, кој беше близок пријател на Зоки, исто така се прости од него.
„Почивај во мир драг Зоки. Патувај онаму каде што овоземското лицемерие, човечко зло и неправдите ги нема.
Небески царство. Бог да го прости“ - стои во пораката од Боки 13.
„Како да не зборуваме за семејството, кога семејството е сè што имаме“ - е уште една порака од Стефан Лазаров за Зоки.
Некогашната водителка Мелита Ракичевиќ се прости од Зоки преку Инстаграм и вели дека била најверојатно последната личност што го видела синоќа, пред да почине.
„Ќе те сакам додека сум жива. Те гушкав вчера силно и ти спиев на рамото“, вели во видеото Мелита.
https://www.instagram.com/p/DB0uD-ioJg4/