Александра Јанева на меден месец на Малдиви: Плива со ајкули, ужива на плажа со коктели
- Детали
- четврток, 24 октомври 2024
„Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм, откако претходно пливаше со ајкули.
Пејачката Александра Јанева и нејзиниот сопруг Иван се на меден месец на Малдиви.
Тие направија свадба на 17 август, а сега, неколку месеци подоцна, заминаа на егзотично патување во кое уживаат.
Александра прво се пожали дека и таа и Иван изгореле на силното сонце, но потоа почна да споделува интересни моменти од медениот месец.
Таа откри дека со Иван пливале со ајкули, биле на патување со бротче за да гледаат делфини кои пливаат, дека пиеле коктели на плажа, но и галеле ражи.
„Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм.