Менче Трповска: „Лани колкот ми беше заменет со керамички, сега трчав на Скопски маратон 2024“

„Пред 7 години ми беше дијагностицирано коксартроза на лев колк, кое беше проследено со многу силни болки“, вели Стаменка Трповска - Менче (30) од Скопје за CRNOBELO.com, која е наша хероина од Скопски маратон 2024.

menche-trpovska-lani-kolkot-mi-beshe-zamenet-so-keramichki-sega-trchav-na-skopski-maraton-2024-01.jpg

Стаменка Трповска - Менче (30) од Скопје, по професија музичар – теолог, е вистинска инспирација.

Таа лани имаше операција за замена на колкот, поради дијагнозата коксартроза, а годинава веќе трчаше на Скопски маратон 2024.

menche-trpovska-lani-kolkot-mi-beshe-zamenet-so-keramichki-sega-trchav-na-skopski-maraton-2024-03.jpg

Тоа е дух, зарем не?

Коксартрозата е хронично дегенеративно дистрофично заболување на зглобовите. Најчесто ги погодува постарите, но не ги исклучува ниту помладите луѓе.

Менче за CRNOBELO.com вели:

„Пред 7 години ми беше дијагностицирано коксартроза на лев колк, кое беше проследено со многу силни болки и ограничени движења на истиот, па затоа пред една година во мај, 2023 година ми беше поставена целосна керамичка протеза на колкот.

menche-trpovska-lani-kolkot-mi-beshe-zamenet-so-keramichki-sega-trchav-na-skopski-maraton-2024-06.jpg

Еве после само година дена од операцијата трчав на Скопскиот маратон 2024 без никакви болки и ограничувања.

Чувството е прекрасно и се радувам што конечно можам да се вратам целосно на своите спортски активности и да трчам уште многу маратони.

Но, сето ова немаше да биде возможно без стручноста и професионализмот на проф. др. Виктор Камнар кој направи маестрална операција и неизмерно сум благодарна на него за сето ова што го можам денес“.

menche-trpovska-lani-kolkot-mi-beshe-zamenet-so-keramichki-sega-trchav-na-skopski-maraton-2024-05.jpg

menche-trpovska-lani-kolkot-mi-beshe-zamenet-so-keramichki-sega-trchav-na-skopski-maraton-2024-07.jpg

menche-trpovska-lani-kolkot-mi-beshe-zamenet-so-keramichki-sega-trchav-na-skopski-maraton-2024-08.jpg

menche-trpovska-lani-kolkot-mi-beshe-zamenet-so-keramichki-sega-trchav-na-skopski-maraton-2024-04.jpg

menche-trpovska-lani-kolkot-mi-beshe-zamenet-so-keramichki-sega-trchav-na-skopski-maraton-2024-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов стана татко - со саканата ѝ дадоа уникатно име на ќерката Пејачот Иван Јованов вчера (26.03) стана татко, а неговата сопруга Ивана на свет...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...
Иван Јованов направи мекици во кафеана за ќерката Ниа: Лепи пари на музичарите, пее со пријателите Со музика во живо и многу гости во скопски ресторан, Иван Јованов направи мекици...
Златко од Виница по ампутација на нозете изоде 5km на маратон: „Ми требаше седумпати повеќе сила од ... „Моите 5km ги изодив за 50 минути и 40 секунди. Временските услови не беа и...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Ирина Камилоска објави прва фотка од ќерката, една недела по породувањето „Мајка на 2 деца помали од 2 години“, напиша планинарката, која на 13 јануари ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg