Кике Цветче: „Тато ми кажа дека нема летано со авион, па јас му организирав да лета до Рим, првпат на 60 години“

Кога имате љубов во срцето кон родителите, тогаш ќе правите и вакви гестови за поздрав... Браво Кике!

kike-cvetche-tato-mi-kazha-deka-nema-letano-so-avion-pa-jas-mu-organizirav-da-leta-do-rim-prvpat-na-60-godini-01.jpg

Кике Цветче е наша инфлуенсерка, која направи драстична телесна трансформација и е позната по интересните видеа со саканиот Иван Ајнштајн, но и со позитивната енергија која ја носи во себе.

Дека таа сака да ги разубавува животите на другите е доказ и последниот нејзин гест.

Таа откри дека татко ѝ ѝ кажал дека никогаш во животот нема летано со авион, па таа одлучила да го изненади со лет во Рим по повод неговиот 60-ти роденден.

Дополнително, Кике сподели дека во Рим за првпат во животот татко ѝ се возел и во метро.

kike-cvetche-tato-mi-kazha-deka-nema-letano-so-avion-pa-jas-mu-organizirav-da-leta-do-rim-prvpat-na-60-godini-03.jpg

На Инстаграм Стори, Кике напиша:

„При рандом муабет за летање со тато лани, ми сподели дека досега се нема качено во авион и баш би сакал да го искуси тоа.

А мене толку ми требаше. Бев прегорда на неговата храброст и со радост почнавме да договараме каде ќе го шетам.

Сега, на негови 60 години, тато леташе за првпат.

Мојата поента е дека кога нешто вистински сакате, не треба да ги користите годините како изговор за да не го реализирате“.

kike-cvetche-tato-mi-kazha-deka-nema-letano-so-avion-pa-jas-mu-organizirav-da-leta-do-rim-prvpat-na-60-godini-02.jpg

Кике на нејзиниот профил објави повеќе фотографии од престојот со татко ѝ во Рим:

kike-cvetche-tato-mi-kazha-deka-nema-letano-so-avion-pa-jas-mu-organizirav-da-leta-do-rim-prvpat-na-60-godini-06.jpg

kike-cvetche-tato-mi-kazha-deka-nema-letano-so-avion-pa-jas-mu-organizirav-da-leta-do-rim-prvpat-na-60-godini-05.jpg

kike-cvetche-tato-mi-kazha-deka-nema-letano-so-avion-pa-jas-mu-organizirav-da-leta-do-rim-prvpat-na-60-godini-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg