Маја од Скопје: „Во еден миг си благодарна на Бога за бебето во прегратка, во друг паничиш што мора итно на операција“

„Се прашував како ќе издржам јас сама сè, како ќе успеам да останам силна кога моето бебе ќе го оперираат, како ќе ја гледам како плаче од болки...“, споделува Маја Ристовска од Скопје за најтешките мигови од животот и испраќа силна порака за храброста на мајката.

maja-ristovska-od-skopje-vo-eden-mig-si-blagodarna-na-boga-za-bebeto-vo-pregratka-vo-drug-panichish-shto-mora-itno-na-operacija-01.jpg

Маја Ристовска од Скопје е мајка на Петра, малото бебе-херој, чија приказна веќе ја споделивме на CRNOBELO.com.

Петра е родена во 30-тата недела, таа морала да се бори со клиничка сепса, крвавење на мозочето, хидроцефалус предизвикан од крвавењето, а потоа морала да има и операција за да ѝ се вгради шант, што ќе помогне да се извади вишокот вода од мозочето.

Системот за шант се состои од катетер кој се вметнува во коморите на мозокот и вентил кој го регулира протокот на цереброспиналната течност.

Нејзината мајка постојано јавно говори на оваа тема и сега повторно се огласи.

maja-ristovska-od-skopje-vo-eden-mig-si-blagodarna-na-boga-za-bebeto-vo-pregratka-vo-drug-panichish-shto-mora-itno-na-operacija-02.jpg

Таа вели дека септември е месецот за поткревање на свеста за хидроцефалус и целта ѝ е што повеќе луѓе да дознаат за оваа состојба.

Инаку, хидроцефалус е проширување на мозочните комори или шуплини со вишок цереброспинална течност. 

Нејзината објава гласи:

„Во еден миг се радуваш и си бескрајно благодарна на Бога што конечно си го земаш бебето во прегратка, во друг миг слушаш ‘Ова е хидроцефалус, сигурно е тоа, сите 4 комори се полни со вода, мора итно операција’ и тука цел свет ти се руши.

maja-ristovska-od-skopje-vo-eden-mig-si-blagodarna-na-boga-za-bebeto-vo-pregratka-vo-drug-panichish-shto-mora-itno-na-operacija-05.jpg

Се прашував како ќе издржам јас сама сè, како ќе успеам да останам силна кога моето бебе ќе го оперираат, како ќе ја гледам како плаче од болки и сите тие прашања имаа само еден одговор дека морам и дека можам и дека ќе успеам.

Не успеав баш да останам смирена, тие час и половина мислам дека ми траеја еден цел век.

maja-ristovska-od-skopje-vo-eden-mig-si-blagodarna-na-boga-za-bebeto-vo-pregratka-vo-drug-panichish-shto-mora-itno-na-operacija-06.jpg

Кога конечно заврши операцијата ме однесоа во собата за будење, а само таа беше единствено бебе таму, сите беа околу нејзе, сите ја чуваа, беше во сигурни раце.

Застанав пред креветот и почнав да ја галам, ја будев и се разбуди. Тие очиња кога ме погледнаа како да ме чекаа само мене да ме видат и реков ‘Мама е тука Петра, сега сè ќе биде во ред, здрава си, најлошото помина'... Kако да знаеше што ѝ зборувам само ме стисна со рачето и заспа.

maja-ristovska-od-skopje-vo-eden-mig-si-blagodarna-na-boga-za-bebeto-vo-pregratka-vo-drug-panichish-shto-mora-itno-na-operacija-07.jpg

Септември е исто така и месец на хидроцефалус, скоро никој не е запознаен со оваа дијагноза, а е доста сериозна и со сериозни последици доколку не се реагира на време.

maja-ristovska-od-skopje-vo-eden-mig-si-blagodarna-na-boga-za-bebeto-vo-pregratka-vo-drug-panichish-shto-mora-itno-na-operacija-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg