По одморот на Хаваи со семејството, Франц е на риболов со пријателите - се пофали дека уловил ајкула (фото)
- Детали
- четврток, 12 септември 2024
Владимир Крстевски Франц, поранешниот член на групата „Нокаут“ има ново хоби - риболов. „Отидовме на риболов со брод и фативме ајкула. Не е лошо за почетник“, сподели тој на Инстаграм.
Владимир Крстевски Франц, поранешниот член на групата „Нокаут“, со години живее и работи во Калифорнија, со сопругата Ема, со која е во брак од 2014 година, а со која има две ќерки, Мелоди и Мона.
Тие секогаш одвојуваат време за одмор и релаксација, а годинава тоа беше на Хаваи.
Но, еден од начините на кој исто така се релаксира Франц е со неговото ново хоби - одење на риболов со брод.
Овојпат тој крстарејќи на Флорида со пријателите фати мала ајкула.
„Отидовме на риболов со брод и фативме ајкула. Не е лошо за почетник“, напиша Франц во описот на фотографиите.
Ќерките на Франц:
Прочитајте и Франц со семејството на Хаваи: Бакнежи со сопругата, ќерките модно усогласени со мајка им (фото)
С. С. | Црнобело