Марис за естетската корекција на увото: „Процедурата е безболна, ја правев во Државна болница кај д-р Игор Пеев“
Таа потоа сподели дека операцијата на државно за две уши чини 20.600 денари и дека е презадоволна од докторот Игор Пеев. Сите медицински лица ѝ давале поддршка, а докторот многу ѝ влевал доверба.
Марис вели: „Немам ниту една замерка“.
Открива дека со докоторот на „лице место“ се договориле околу операцијата.
Потоа легнала, ѝ ставиле анестезија, ја боцнале 4 пати, а од зафатот не чувствувала апсолутно ништо.
За едно уво операцијата ѝ траела 15-20 минути.
Вели дека имала 0 болка, апсолутно ништо не почувствувала.
„Потоа стануваш и гледаш на огледало дали си се допаѓаш, иако тогаш увото е позалепено, а потоа се опушта.
По операцијата ти ја завиткуваат главата со газа и по неколку дена одиш на преврска. Закрепнувањето е многу брзо.
По операцијата ти даваат антибиотик и ти кажуваат кои апчиња можеш да ги пиеш ако имаш болка, а реално најверојатно ќе имаш откако ќе помине дејството на анестезијата. Но, тапа болка која не е ништо неподносливо“, вели Марис.
Првата ноќ по операцијата откри дека не спиела од возбуда, но дека не било ништо страшно.
Пиела редовно парацетамол и аналгин.
„Не треба да спиеш на оперираното уште, треба да внимаваш кога облекуваш маица, да внимаваш да не го наводениш завојот“, советува таа за сите кои планираат да прават ваков тип на зафат.
С. С. | Црнобело