Мајката на бебето херој Петра: „Помина една година од операцијата – цевчето во нејзиното мозоче значи живот“
- Детали
- среда, 24 јануари 2024
„Денес е една година од операцијата на Петра, дали знаевте дека децата кои ја имаат дијагнозата хидроцефалус во првата година знаат да имаат и до 15 операции поради проблем со работата на шантот или инфекција?“ – вели Маја Ристовска од Скопје, мајка на бебето Петра, кое се родило во 30-тата недела од бременоста.
Петра Ристовска од Скопје е бебе-херој. Родена во 30-тата недела, таа мораше да се бори со клиничка сепса, крвавење на мозочето, хидроцефалус предизвикан од крвавењето, а потоа мораше да има и операција за да ѝ се вгради шант, што ќе помогне да се извади вишокот вода од мозочето.
Сега, Петра е здраво бебе, а по повод една година од операцијата, нејзината мајка, Маја Ристовска, објави емотивен статус на нејзиниот
View this post on Instagram
Во продолжение ви ја пренесуваме пораката на Маја во целост:
„Денес е една година од операцијата на Петра, дали знаевте дека децата кои ја имаат дијагнозата хидроцефалус во првата година знаат да имаат и до 15 операции поради проблем со работата на шантот или инфекција?
Не знаев ни јас,ама со секој ден колку повеќе го продлабочувам моето знаење за оваа состојба читам работи кои мислам дека се премногу за толку мали души,а и за родителите кои го носат целиот товар.
Јас сум благодарна на Бога што немаше потреба од дополнителна операција и што Петра е супер и шантот работи како што треба.
Тоа цевче и тоа апаратче во главчето на Петра значи живот, нормален живот кој сега го има во секој поглед.
Петра мајкина, продолжи на сите да им докажуваш дека и невозможното може да е возможно, покажи им како се бориш со насмевка на лицето, јас секогаш ќе ти бидам ветер во грбот,твоето засолниште каде што засекогаш ќе можеш да се засолниш, знам дека животот ќе ти дава повторно предизвици и битки за освојување,ама не се грижи, мама е тука, заедно како и до сега можеме се да поминеме и пребродиме.
Те сакам Петра, хероино моја најубава.“
Инаку, Маја во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com зборуваше за тешката борба што ја поминале со Петра во првите неколку месеци од нејзиниот живот.
Целото интервју со Маја може да го прочитате ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело