Нашата Марија стана светски шампион во кик-бокс и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израдуваа минатата недела
- Детали
- понеделник, 02 септември 2024
Пеце Јанкуловски од Битола со булдожер ископа ров за да спречи пожарот во тој реон да се прошири на селото Паралово и манастирот Св. Ѓорѓи - време е за нови позитивни вести!
Признајте, убаво ви е на душата кога ќе слушнете некоја позитивна вест од Македонија, дури и кога е поврзана со луѓе што не ги знаете.
Во продолжение 5 убави вести од нашава земја кои нè израдуваа минатата недела:
Спасена мечка од нелегално поставена стапица
На Фејсбук страницата на Скопје ЗОО информираа дека нивни колега успеал да спаси мечка која била заробена со илегално поставена стапица.
Тие објавија и неколку фотографии од спасувањето.
„Нашиот колега Сашо Панчев вторпат успеа да спаси мечка фатена во нелегално поставени стапици во планинските предели.
По повик на главниот инспектор за ловство, рано изутрина екипа од Зоолошката градина Скопје, составена од Милошевски Јорданчо - биолог и Сашо Панчев - ветеринарен техничар, се упати во близина на Дебарски Бањи, во месноста Пијане каде возрасна кафена мечка (женка) била фатена во стапица за диви свињи.
Сашо со специјално средство ја успал исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата и ѝ ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи.
Откако мечката се освестила, си заминала повторно назад на слобода“, пишува во објавата на Зоолошката градина.
Велосипедистката Дуња Иванова освои злато на маратон во Србија
Дуња Иванова од ВК Енерџи, победи на маратонот во планински велосипедизам кој се одржа на Стара планина, Србија.
Овој натпревар, беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација - УЦИ.
Нешто повеќе од 60km и висинска разлика од речиси 2.400m беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања.
Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени.