Сања и Слаткар прославија 10 години во брак: „Ќе те љубам засекогаш силно и искрено“

„Чиста не е. Ама десетка е. Честита годишница љубов моја. Држ' се цврсто. Не ветувам дека ќе биде совршено, но ќе те љубам засекогаш“ - Сања со многу емоции му ја честиташе годишнината од брак на својот сопруг, Слаткар.

sanja-i-slatkar-proslavija-10-godini-vo-brak-kje-te-ljubam-zasekogash-silno-i-iskreno-01.jpg

Марко Маринковиќ - Слаткар и неговата сопруга, Сања Николиќ, прославија една деценија во брак.

На нивниот посебен ден, Сања на Инстаграм Стори објави неколку фотографии од свадбата и на својот сопруг му посвети емотивна порака.

„Чиста не е. Ама десетка е. Честита годишница љубов моја. Држ' се цврсто.

Не ветувам дека ќе биде совршено, но ќе те љубам засекогаш, силно и искрено“, напиша Сања.

sanja-i-slatkar-proslavija-10-godini-vo-brak-kje-te-ljubam-zasekogash-silno-i-iskreno-02.jpg

Таа и Марко направија свадба на 27.04.2014, а во април 2020 го добија синот Моша.

Слаткар на сопругата пред неколку години ѝ ја посвети песната „Луда романтика“.

sanja-i-slatkar-proslavija-10-godini-vo-brak-kje-te-ljubam-zasekogash-silno-i-iskreno-01_1.jpg

Иако се јавни личности, ретко споделуваат работи за нивниот приватен живот.

Но, неодамна за CRNOBELO.com, Слаткар рече дека синот Моша наликува многу на двајцата, иако, кога ќе ги „извади од кожа“ знае да ѝ каже на Сања дека тој го „зел најлошото и од едниот и од другиот“.

Погледнете повеќе фотографии:

sanja-i-slatkar-proslavija-10-godini-vo-brak-kje-te-ljubam-zasekogash-silno-i-iskreno-04.jpg

sanja-i-slatkar-proslavija-10-godini-vo-brak-kje-te-ljubam-zasekogash-silno-i-iskreno-03.jpg

Прочитајте и Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg