Татјана Стојановска и сопругот Михаил на одмор во Дубровник (фото)
- Детали
- вторник, 27 август 2024
Прошетки покрај море и низ шармантните улички на градот, вљубени пози и прегратки, вечера со морски специјалитети и локално пиво - ТВ презентерката Татјана Стојановска ужива на одморот во Дубровник со саканиот Михаил.
ТВ презентерката Татјана Стојановска деновиве е на заслужен одмор, а го поминува во Дубровник, Хрватска, заедно со нејзиниот сопруг Михаил.
На својот Инстаграм профил таа објави серија фотки од нивното патување и истражување на градот, кој е вистинска туристичка атракција.
https://www.instagram.com/p/C_JZZvhsVy_/?img_index=1
Татјана, како и секогаш, средена од глава до пети, позира во црно-бел фустан со бели балетанки низ улиците на градот, сама, но и прегрната со сопругот.
Парот уживал и во вечера со морски специјалитети, а некогашната мисица наздрави со локално пиво.
Нашата прекрасна презентерка блеска на фотките, а неодамна ни ја откри и својата дневна рутина за нега на лице и тајната која ѝ овозможува посвеж изглед.
Прочитајте и Татјана Стојановска за стилот и убавината: „Редовно ставам ботокс на челото, тоа ми овозможува посвеж изглед“
Погледнете повеќе фотки:
М. М. | Црнобело