Тамара пее, Миа и Катарина разиграни: Луда забава во Скопје со основачот на хаус музиката
- Детали
- четврток, 22 август 2024
Вечерта доживеа кулминација кога Тамара застана на подиумот покрај популарниот светски диџеј, па испеа рефрени од неколку хитови, меѓу кои и Ain’t Nobody, Deeper Love, Music...
Вчеравечер (21.08) во скопски локал се случуваше една од најдобрите забави ова лето, а за неа се погрижи Joe Claussel, еден од основачите на хаус музиката од Бруклин.
Неговото име беше доволно на едно место да се соберат многу љубители на оваа музика, но и познати македонски личности.
Па така, на забавата се дружеа Тамара Тодевска, Катарина Ивановска, Миа Костова, Ана Стојановска.
Тие цела вечер танцуваа и уживаа во одличната музика на популарниот диџеј, а споделија и по некое видео на своите Инстаграм Сторис.
Сепак, вечерта доживеа кулминација кога Тамара застана на подиумот покрај популарниот диџеј, па за своја душа, но и за мерак на бројните гости, ја дополни забавата и испеа рефрени од неколку светски хитови, меѓу кои и Ain’t Nobody, Deeper Love, Music...
Интересно е што Катарина, по забавата сподели ретро фотографија, на која е со Тамара и Слободанка Тренчева - Боте, промотор на електронската/клупска сцена кај нас, а трите девојки се во друштво на познатиот хаус диџеј кој имаше свој сет синоќа во Скопје.
Погледнете повеќе фотографии од вчерашната забава:
А. Ј. | Црнобело