Каролина - Chloè, Лозано 20 години со ист мирис: Кои се омилените парфеми на познатите Македонци?
Давид - Јанг Дади
„Имам два омилени парфема. Првиот е Valentino - Born in Roma, кој го користам една година и ме потсетува на најнезаборавни и луди проводи во ноќниот живот.
Другиот е Bleu de Chanel кој го користам веќе три месеци и ме потсетува на новите промени кои ги направив во летниот период“.
Каролина Гочева
„Никогаш не сум била голем фан на парфеми. Откако ги користам ми ‘легнале’ сè на сè 3-4 парфеми, а последниве 15 години сум само на Chloè (со белата машничка) по кој ме препознаваат тие кои ме познаваат и многу сум тешка на менување зашто повеќето ми сметале кога ги имам на себе.
Единствено сум направила исклучок со ERA парфемот на Елена Ристеска, кој баш ми ‘легна’ и само со него може да го заменам мојот и да се чувствувам убаво.
Имам периоди и кога “одморам”, т.е не користам никаков парфем.
Не ми се допаѓаат јаки мириси, дури и ме заболува глава. И ич не сакам кога нечиј (силен) парфем останува на мене откако ќе се поздравам“.
Павле Камилоски
„Има една француска поговорка која вели: Откако ќе заврши преубавата ноќ, во собата останува само мирисот на добриот парфем.
Јас сум тип на човек кој обожава класици. Моќни, полни со карактер и безвременски мириси.
Не се задржувам само на еден ист парфем. Во зависност од расположението и пригодата, така ги избирам парфемите.
Во мојата колекција може да се сретнат Terre d'Hermes, Portrait of the lady - Frederic Malle, Bleu de Chanel, Mancera Cedrad Boise, Red Tobacco, како и парфемите на Van Cleef, Guerlain“.
Лара Иванова
„Омилен парфем ми е Black Opium од Yves Saint Laurent и го користам две години.
Кога ќе го мириснам ме потсетува на лето и убави моменти, а би рекла и дека е мирис кој се вклопува одлично со мојот карактер“.
Стефан Филиповски
„Од парфеми го користам Althair од Parfums de Marly.
А, ми се допаѓа и Y од Yves Saint Laurent, кој го рекламира Лени Кравиц“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело