Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Славчо Попоски, метеоролог: „Топлотниот бран ќе се задржи уште барем 10 дена, викендов можно кратко невреме“

„Температурите во Македонија ќе бидат многу високи. Исклучок ќе биде викендот, кога ќе има услови за локално краткотрајно невреме“, вели Славчо Попоски за претстојната недела.

slavcho-poposki-meteorolog-toplotniot-bran-kje-se-zadrzhi-ushte-barem-10-dena-vikendov-mozhno-kratko-nevreme-01.jpg

Топлотниот бран што нè измачува веќе цел месец ќе треба да го трпиме уште некој период.

Иако во наредните денови е можна појава на краткотраен дожд, сепак ќе доминираат високи температури, на некои места и до 40 степени Целзиусови.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Се очекуваше уште еден голем топол африкански бран, и тоа се остварува.

Во следните најмалку 10 дена, продолжува топлотниот африкански бран во Македонија со многу високи температури на воздухот.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

slavcho-poposki-meteorolog-toplotniot-bran-kje-se-zadrzhi-ushte-barem-10-dena-vikendov-mozhno-kratko-nevreme02.jpg

Исклучок ќе биде викендот, односно 3 и 4 август, кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме.

slavcho-poposki-meteorolog-toplotniot-bran-kje-se-zadrzhi-ushte-barem-10-dena-vikendov-mozhno-kratko-nevreme3_copy.jpg

Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени Целзиусови.

Во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската Котлина, температурите ќе се искачуваат до околу 40 степени Целзиусови, но со тоа што истите повремено можно е и да надминат 40 степени Целзиусови.

УВ индексот и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе биде со коефициент некаде помеѓу 8 и 9“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Славчо Попоски, метеоролог: „Можно е невреме во текот на неделата, температурите значително ќе опадн... „Во делови од Скопската Котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со по...
Викендов почнува летното сметање на времето + како влијае промената на луѓето? Овој викенд, помеѓу 30 и 31 март започнува летното сметање на времето, што значи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg