Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бидете хумани - да спасиме детски живот

bidete-humani-da-spasime-detski-zivot-povekjeНема побеспомошен човек од родителот што има болно дете… Секоја минута ja минува во обиди да најде лек, начин да го спаси саканото чедо.


А, уште потешко е тоа да го прави кога финансиските можности се минимални, кога е ситуацијата се влошува постојано, и кога обидите се повеќе залудни отколку успешни.

Затоа, ајде, да не дозволиме минутите брзо да завршат за тригодишната Дарија Калиновска која од своите девет месеци боледува од епилептични напади. Да помогнеме да се дознае зошто е отпорна на сите терапии, бидејќи тоа е единствен спас за малата Дарија, а испитувањата се скапи.

Малата Дарија во февруари треба да замине во Париз во детската болница Necker кај еден од најдобрите детски невролози Olivier Dulac, со надеж дека таму ќе ја добие потребната помош. Таа секојдневно има напади од кои не може нормално да се движи, ниту пак да спие. Последнава година нападите се влошуваат од ден на ден.

Изминатите две години семејството се исцрпи по многубројните прегледи во Македонија и странство па затоа им е потребна хуманитарна помош. Тие се сигурни дека ова нема да биде последната битка, затоа што не се работи за болест која минува преку ноќ. Потребно е време и следење од  специјалистите.

Телефонски број за донации:
070/143-122 (Т-Mobile);
077/143-143 (VIP);
Број на жиро сметка: 210 – 5016472508 – 48 (НЛБ Тутунска)
Име: Дарија Калиновска

Би можело да ве интересира:

Софија Јанева, наша инфлуенсерка: „Слушав искуства дека бременоста е нешто страшно, но јас имам поин... „Слушав многу искуства и генерално беа дека бременоста е нешто страшно – гадење,...
Од денес почнуваат Богородичните пости – Наредните 2 недели ќе покажат какво ќе биде времето во цела... Од денес почнуваат деновите што во народот се познати како Макавеи, кога се пред...
Славчо Попоски, метеоролог: „Од утре услови за обилни дождови, силен ветар, но и снег на повисоките ... „Во Македонија под влијание на серија изразени влажни воздушни бранови ќе има по...
Сара Мејс во минималистички бикини во СПА центар со Димитар Атанасовски - овој пат на Копаоник без д... „Многу е сомнителен муабетот дека летен одмор е подобар од зимски“, напиша Сара ...
Маринела и Борче живеат во Цирих, а тој ја запроси на јахта во Дубаи - на место со спектакуларен пог... „Нашата приказна започна многу неочекувано, но веднаш знаевме дека сме родени ед...
Бока Конга ќе стане татко, го покажа трудничкото стомаче на саканата Маја Со видео од плажа, на кое се гледа неговото мускулесто тело и трудничкото стомач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg