Врвни резултати на македонските млади музичари на меѓународниот натпревар “Тартини”

На меѓународниот натпревар "Тартини", кој од 31.05 до 02.06 по четврти пат беше реализиран во Пиран, Р. Словенија, во чест и слава на виртуозот по виолина и композитор Џузепе Тартини, младите и талентирани музичари: Антица Николоска V одд, Ана Кузманоска VII одд, Виктор Србиноски VII одд и Лина Николеска IX одд ,беа единствените натпреварувачи од Р. Македонија. Во силна конкуренција на учесници од 21 држава од светот, постигнаа врвни резултати во соло дисциплина и камерна музика.

vrvni-rezultati-na-makedonskite-mladi-muzichari-na-megjunarodniot-natprevar-tartini-02.jpg

Клавирското трио составено од две виолини и пијано, во состав: Лина Николеска од класата на проф. Христина Пецакоска Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска, освои висока втора награда на престижниот музички натпревар. Овие талентирани музичарки покажаа извонредна умешност и музичка чувствителност, што беше препознаено и од страна на стручната комисија. Нивниот успех е резултат на посветената работа и љубов кон музиката, а оваа награда е само почеток на нивниот блескав пат во светот на класичната музика.

vrvni-rezultati-na-makedonskite-mladi-muzichari-na-megjunarodniot-natprevar-tartini-01.jpg

Младата виолинистка Антица Николоска постигна забележителен успех, освојувајќи ја втората награда на овој натпревар. Под менторство на професорот Мухамед Бајрам, Антица се истакна меѓу учесници од 21 земја, покажувајќи извонредна техничка умешност и музичка изразност. Оваа награда претставува значајна точка во нејзината музичка кариера.

vrvni-rezultati-na-makedonskite-mladi-muzichari-na-megjunarodniot-natprevar-tartini-04.jpg

Извонредниот виолинист Виктор Србиноски, под менторство на проф. Елица Рашкова, освои прва награда на истиот натпревар. Виктор се истакна со својата виртуозност и музичка зрелост, што му донесе заслужена прва награда меѓу големата конкуренција.

vrvni-rezultati-na-makedonskite-mladi-muzichari-na-megjunarodniot-natprevar-tartini-03.jpg

Пијанистката Ана Кузманоска под менторство на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска, со впечатлив настап го импресионираше реномираното интернационално жири составено од еминентни професори од Русија, Шпанија, Австрија и Србија. Во голема конкуренција на учесници, Ана освои висока втора награда, со која повторно го докажа својот импресивен музички талент.

Овие успеси на младите музичари се голема инспирација и гордост за нашата музичка сцена.

Би можело да ве интересира:

Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024 Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Пета...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg