Иван Јованов за CRNOBELO.com: „Присуствував на раѓањето на ќерката, Ивана беше многу храбра“
- Детали
- четврток, 04 април 2024
„Чувството кога првпат ја зедов во раце, искрено, тешко е да се опише. Како цел свет да го држиш на дланка, мојот цел свет во само 49cm. Памукче, мило, чисто и невино, а мое. Непроценливо!“, вели Иван Јованов за CRNOBELO.com, неколку дена откако стана татко и ни сподели прва фотка од ќеркичката.
Иван Јованов, пејачот на „Либеро бенд“ на 26 март стана татко. Неговата сакана Ивана ја роди ќерката Ниа, а Иван бил со неа во породилната сала и присуствувал на раѓањето на бебето.
Откако мајката и ќерката си дојдоа дома, Иван направи и голема забава со мекици со многу роднини и пријатели.
Во разговор за CRNOBELO.com Иван ни раскажа како се снаоѓа во првите денови како татко, но и од каде идејата бебето да добие необично име:
„Породувањето помина одлично, Ивана е многу храбра и сѐ помина без да трепне. Јас присуствував на породувањето, па зарем би испуштил таков редок и прекрасен момент во животот?
Ниа се роди како здраво бебе со тежина од 3.240g и должина од 49cm.
Чувството кога првпат ја зедов во раце… искрено тешко е да се опише.
Како цел свет да го држиш на дланка, мојот цел свет во само 49cm. Памукче, мило, чисто и невино, а мое. Непроценливо!
Идејата за уникатното име е заедничка. Сакавме кратко и едноставно име.
A значењето потекнува од староирското име Ниам, што значи ‘светлина’, а таа е навистина нашата светлина.
Ивана и Ниа се дома од минатата недела и сите тројца заедно се приспособуваме на новите услови на живот, на новото секојдневие.
Со Ивана се трудиме колку што можеме повеќе да бидеме сами со Ниа и да си ги извршуваме родителските обврски беспрекорно.
Иако морам да признаам дека и помошта од бабите во овие први денови ни е од големо значење.
Да се живи и здрави, колку и да мислиме дека сѐ можеме сами, добро ни доаѓа нивното присуство.
Инаку забавата со мекици за нашата мала принцеза помина супер.
Атмосферата беше преубава, многу весела, а едноставно е кога половина гости ви се колеги, па забавата е загарантирана.
Не знам дали можам да одвојам кој беше највесел, но јас и моите другари, кумот, сестрата на Ивана - сите пресреќни ја направивме вечерта вредна за паметење.
А дали успеав да поспијам? Хммммм… мене работата ми налага да сум ноќна птица, така што во принцип не ми се тешки будењата преку ноќ.
Искрено потешки ми се утринските, но за сега Ниа е многу умна и спие доволно за да го остави и тато да се наспие“.
Прочитајте и Иван Јованов направи мекици во кафеана за ќерката Ниа: Лепи пари на музичарите, пее со пријателите
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива