Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети
- Детали
- сабота, 06 април 2024
„Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовски за сопругата Сара Мејс која честопати ја возвишува на Инстаграм. Кои македонски парови не се срамат јавно да си ја покажуваат љубовта?
Додека некои познати македонски парови љубовта ја кријат од окото на јавноста, други немаат проблем со тоа, па често може да ги видиме на социјалните мрежи.
Тие објавуваат вљубени фотки на кои разменуваат бакнежи и прегратки, споделуваат емотивни моменти од секојдневието и си упатуваат романтични пораки со или без повод.
Неодамна Димитар Атанасовски сподели фотографија со неговата сопруга Сара Мејс и напиша:
„Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“, a ова е еден од многуте негови коментари во кои јавно ја возвишува саканата.
Елена Најдоски редовно објавува фотографии од патувањата со сопругот Бојан, Перо Антиќ се фали дека Сања Ристиќ го прави среќен, а Александра Шијакоска многупати има споделено дека нејзина најголема поддршка во животот е избраникот Едмонд.