Антониа Гиговска објави свадбена фотосесија – позира со бидермаер на шанк, блеска од среќа покрај Роберт
- Детали
- среда, 13 март 2024
Антониа Гиговска сподели неколку интимни моменти од свадбата со Роберт Спасенцовски, па покажа како се дотерувала за свадбата, детали од венчаницата, но и најубавите фотки од нивниот прв танц.
Откако на 10 март (недела) Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски се венчаа во црква и направија голема свадба, пејачката сега ги објави првите oфицијални фотографии на својот профил на Инстаграм.
Антониа на фотките не остави никаков коментар, туку ги опиша со емотикон на невеста и младоженец.
На фотографиите се забележани моментите од подготовките за свадбата со нејзиниот пријател и долгогодишен соработник, Даниел Николовски, преку фотосесијата направена во ходник на кој самата лежи на подот, но и се движи низ холот додека со Роберт се држат за раце.
Во свадбената фотосесија таа позира на шанк со бидермаерот, а има и фотки од нивниот прв свадбен танц каде делуваат пресреќни и заљубени.
За потсетување, Антониа и Роберт се венчаа лани во април, а годинава направија црковна венчавка и голема веселба со многу пријатели, но и колеги музичари.
За свадбата невестата носеше два фустана кои ги дизајнираше Моника Коцарева, додека младоженецот избра бордо костум во комбинација со бела маичка и патики.
И Антониа во текот на вечерта салонките на високи потпетици ги замени со патики.
Свадбата беше во познат скопски ресторан, каде што целиот ентериер беше украсен во црвено и златно, а и невестата имаше бидермаер од црвени рози.
Во ист стил беше и тортата на три ката, која, исто така беше украсена со црвени рози.
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





