Четворица Македонци се искачија на Аконкагва (6.962m) и го развиорија знамето на највисокиот врв во Јужна Америка
- Детали
- четврток, 15 февруари 2024
Македонското знаме се развиори на Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Африка, откако нашите планинари успешно ја завршија експедицијата на 13 февруари 2024 година.
Македонците Филип Христов, Лазо Миновски, Зоран Успрцов и Зоран Николов се искачија на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва, кој е на висина од 6.962m.
Тие беа дел од експедиција која на 13 февруари се искачи на врвот.
Откако го заврши подвигот, Лазе Миновски на Инстаграм објави фотографија и откри дека искачил три од седумте највисоки светски врвови, што е сон на многу планинари.
Дел од експедицијата беше и Филип Христов кој, исто така, го развиори македонското знаме на врвот Аконкагва.
За неговиот успех објавија на Фејсбук страницата I Love Hiking - Group Macedona.
„Нашиот Фичо повторно на некој од крововите на континентите на нашата Земја. Овој пат искачен највисокиот врв на Јужна Америка - Аконкагва, 6.962m, каде првпат се вее и нашето клупско знаме, заедно со знамето на Македонија.
Во збор два со него, многу експедиции не успеале да стигнат на врвот и многумина се откажале, но не и нашите тврдокорни Mакедонци кои утринава стапнаа на врвот Аконкагва!
Не биле спречени од ветерот и минусните температури. Со многу напор, како што вели тој, се најдовме горе! Честитки до нив и до големиот другар и пријател на клубот Филип Христов“, пишува во објавата.
За храбриот подвиг објави и Зоран Успрцов кој на својот Инстаграм сподели и фотки од камповите во кои биле планинарите и од самото искачување до планинскиот врв.
Тие добија бројни честитки за постигнатото, но и пораки со поддршка да продолжат да нижат успеси и да си ги исполнат соништата.
🟢🔝Нашиот Фичо повторно на некој од крововите на континентите на нашата “Земја”. Овој пат искачен највисокиот врв на...
Posted by I love hiking - group Macedonia on Wednesday, February 14, 2024
А. Ј. | Црнобело