Мирослав ја запроси саканата Викторија во Валенсија, во ресторан со огромен аквариум и нуркачи (видео)

„Планот и реализацијата траеја околу 2 месеци. Другарите од Полска ми помогнаа со прстенот, а од Шпанија околу запросувањето. Па, кога влеговме во ресторанот нешто ѝ беше сомнително и ја забележав како цела вечер ме испитува  суптилно“, вели Мирослав, кој ја запроси Викторија на уникатен начин.

miroslav-ja-zaprosi-sakanata-viktorija-01.jpg

Мирослав Драганов (35) ја запроси саканата Викторија Нешковска (36) скоро 17 години по првото запознавање.

Иако на прва си се допаднале еден со друг, животот имал поинакви планови, па тие никогаш не испиле ни кафе, пред да се сретнат 9 години подоцна.

Во тоа време Вики веќе била во брак, а Мирослав имал свршеница. Ама, како што обично се случува во најубавите љубовни романи, тие го најдоа патот еден кон друг, кога во 2022-ра година се сретнале повторно, двајцата слободни и пред следните животни предизвици.

Викторија е дипломиран педагог и магистер по човечки ресурси, а Мирослав е магистер по право, но и со-основач и директор на стартапот Widnet Solutiouns со седиште во Келце, Полска.

Но, бидејќи Валенсија им е еден од омилените градови на двајцата, тој ја побара Вики за сопруга токму таму, во романтична атмосфера, во ресторан со огромен аквариум, во кој има и нуркачи, а кои го најавиле запросувањето.

miroslav-ja-zaprosi-sakanata-viktorija-05.jpg

За нивната љубовна приказна и уникатното запросување, Мирослав раскажа за CRNOBELO.com:

Се запознавме на студентска забава во 2007 година, кога и двајцата бевме втора година студии на УКИМ, Вики на Филозофски, а јас на Правен факултет. На иста маса седевме две друштва и тоа сите блиски другари на моја колешка ораторка, а најдобра другарка на Вики.

Добро се сеќавам дека таа веднаш ми се допадна, особено со нејзината пријатна енергија, маслинесто-зелените очи и виткана коса, па затоа цела вечер најмногу си разговаравме.

Следниот чекор требаше да биде повторна средба на кафе, но за жал во тие денови ненадејно загина брат ми и целиот живот ми се смени.

Во следните години бевме повеќе онлајн пријатели бидејќи некако патиштата ни се разделија. Таа често патуваше во странство, а јас бев повеќе дома покрај семејството за да го израснеме внук ми.

Се видовме убаво во 2016 година, на свадбата на нејзината најдобра другарка. Интересно е што седевме на иста маса, таа со штотуку венчаниот тогашен сопруг, а јас со мојата тогашна свршеница...

Поминаа нови 7 години и некаде во мај 2022-ра повторно се сретнавме, и тоа трипати во една седмица, а главна причина беше нашата неефективна администрација, ама овој пат тоа ни донесе среќа.

А, токму во тие 7 години имало најмногу шанси да се сретнеме бидејќи моето живеалиште беше веднаш до нејзината канцеларија и еднаш месечно сум доаѓал на состаноци кај неа на работа, сме се движеле во исти кругови професионално, но не сме сретнале.

Тоа беше знак за да отидеме на кафе. Ѝ кажав дека се селам за Полска и дека паметот ми е таму, а таа ми кажа дека се развела.

Во следните 4-5 месеци си помагавме пријателски, се запознававме и од време на време се среќававме на кафе.

И тогаш почнаа да работат повторно оние стари симпатии, од ден на ден станувавме сè поблиски и во врска бевме нешто повеќе од една година пред да ја запросам.

miroslav-ja-zaprosi-sakanata-viktorija-04.jpg

Каде се случи запросувањето?

Во Oceanographic, Валенсија, во убавата Шпанија. Оние кои биле во кој и да е од објектите на Музејот за науки и уметности, знаат за каква романтична атмосфера станува збор.

Всушност, Валенсија и Краков (Полска), ни се двата омилени града во кои сме биле првпат заеднички, а и претходно ниту еден од нас не ги посетил. Па затоа прстенот го купив од Краков, а запросувањето се случи во далеку потоплата Валенсија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg