Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право
- Детали
- четврток, 11 јануари 2024
Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на Нов Зеланд. Оваа убавица премногу потсетува на својата мајка, но за разлика од Хелена, Кјара е повлечена и не сака да биде многу позната...
Кјара Гоља, ќерката на поранешната водителка Хелена Роза, на 25 декември 2023 наполни 25 години.
Таа скоро една деценија живее на Нов Зеланд со својата мајка и нејзиниот сопруг Игор и со полубратот Тиан.
Кјара студира право и обожава фитнес.
На Инстаграм ја следат преку 18.000 луѓе, а таа таму често објавува фотографии и видеа поврзани со здравиот начин на живот, од преубавите плажи на Нов Зеланд, но и со своето момче, со кое е во врска веќе неколку години.
Изминатиот период таа беше заштитно лице на неколку модни кампањи, вклучувајќи и реклама за градници, а беше и заштитно лице на компанија која произведува апчиња за подмладување по нови технологии.
Но, Кјара повеќе ја интересира политиката од моделингот, па таа е активен член на третата најголема политичка партија на Нов Зеланд.
Сепак, таа не сака да биде позната како својата мајка, откри Хелена во интервју за CRNOBELO.com:
„Кјара е многу поповлечена од мене, си се собираат дома со друштвото, со дечко ѝ. Не сака многу да излегува.
Борбена е на мене и амбициозна, тоа ми се допаѓа, но во суштина е многу поинаква.
Студира право и интернационална политика, и е член на третата по големина партија на Нов Зеланд.
Беше претседател и на кампусот на Универзитетот на Оукленд, и дел од комитетот на партијата и се занимава со политика.
Реално не се занимава со моделинг, иако сликаше неколку модни кампањи. Повремено прифаќа некои инфлуенсерски понуди.
Но, на Нов Зеланд фирмите бараат микроинфлуенсери, не сакаат ‘големи ликови’, а таа намерно им дава висока цена за да ги откачи, па 80% велат не. Ама, некој прифаќа и таа ќе ги изрекламира“.