Тамара Тодевска женствена со долга коса, краток црн фустан и шминка со дијамантски сјај (фото)
- Детали
- вторник, 26 декември 2023
Тамара Тодевска додаде екстензии на косата, облече кратко фустанче и го смени својот изглед, па на социјалните мрежи коментираат дека е женствена и прекрасна.
Пејачката Тамара Тодевска неодамна повторно издоминира со својот стил.
Откако изминатиот период носеше долги фустани или костими во комбинација со корсет за фотосесии, јавни настани и настапи, таа сега, за настап во Охрид, облече кратко црно фустанче со ракави од тантела.
Изгледот го дополни со дизајнирани хулахопки и впечатлив златен накит.
Тамара неодамна направи и надградба на косата, по што ѝ се смени и ликот.
Таа сега со подолга коса изгледа женствено и прекрасно, коментираат на социјалните мрежи.
Фотките од Тамара ги објави охриѓанката Мери Бајрамовска, една од најпознатите македонски мејкап артисти.
Таа покажа како ја нашминкала Тамара и откри дека со шминката решила да го промовира ефектот „дијамантски стил“, каде што лицето блеска, а шминката е светла и дискретна, но сепак впечатлива.
А. Ј. | Црнобело