Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи?
Кристијан Тасковски - Таско
Оваа година беше навистина среќна за популарниот рапер, кој освен што се ожени со својата сакана Наташа Реј, стана и татко.
Во јуни годинава парот го доби синчето Лукијан.
Ѓоко Јовиќ
Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана се долги години во брак и се вистински пример дека многудетното семејство е посреќно.
Јовиќ имаат четири деца: синовите Михаил, Јован Дарин и ќерката Теодора.
Даниел Кајмакоски
Во јануари оваа година, Даниел заплови во брачните води со неговата партнерка, чие име сѐ уште го крие во тајност.
Три месеца подоцна, неговата избраничка на свет го донесе нивниот син Стефан.
Ова е втор брак за Даниел, кој од првиот брак со манекенката и пејачка Кристина Димтри го има синот Давид.
Спасен Силјаноски
Фолк-пејачот Спасен Силјаноски на неговата сопруга Ана ѝ се заколна на вечна љубов пред 10 години.
Спасен и Ана се горди родители на две деца, син и ќерка.
Влатко Миладиноски
Влатко Миладиноски и неговата сопруга Кристина се венчаа во 2016 година.
Круна на нивната љубов се двете ќеркички Илина и Андреа.
С. Ш. | Црнобело