Хумани луѓе, успешни трансплантации: Убави моменти во Македонија по кои ќе ја помниме 2023-та
По катастрофалниот земјотрес во Турција, многу луѓе ја покажаа нивната хуманост, вклучувајќи го и скопјанецот Фитим Бела, како и неколку продавачи на Бит пазар. Фитим откри дека сакал да купе облека за да донира за дечињата во Турција, а кога продавачите сфатиле за што му е облеката, почнале да пакуваат капи, шалови и ракавици од нивната тезга за да ги донираат.
Во Македонија има многу генијалци. Покрај Македон, овде е и Даниел од Штип кој на 15-годишна возраст освои бронзен медал на натпревар по природни науки во Колумбија.
Софија од Прилеп, пак, на само 11 години беше прогласена за најдобар есеист на англиски јазик во светот.
Во јули во Скопје, со органите од еден донор беа спасени дури четири човечки животи.
Михајло е хуман скопјанец кој по пет дена неуморно работење, успеа да спаси кученце кое влегло во воздушна инсталација.
10-годишно момче од Куманово добри дрес од голманот на македонската репрезентација – Столе Димитриевски. Голманот му го подари дресот на натпреварот помеѓу Македонија и Англија кој се одржа на 20-ти ноември.
Во болница во Штип се породи 60-годишна жена по успешно спроведена ин витро процедура. Од болницата открија дека ова е највозрасната жена на нашите простори која има родено здраво дете.
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку...
„Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...

Позитива на денот: Пере од „Нокаут“ ја носи ќеркичката во градинка со велосипед на дожд (видео)
„Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот, како да е сончево. Дождот...

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10...
Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...

Елена од Струмица ја донираше косата за лица кои ја изгубиле својата: „Ја чував 2 години, сакам да и...
„Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.co...

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск...
Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...

Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (...
Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...