Се породи 60 годишна жена со бебе зачнато со ин витро во болница во Штип
- Детали
- четврток, 23 ноември 2023
На речиси 60 години, денес се породи пациентката на д-р Стојан Органџиски, по успешно спроведена ин витро процедура!
Историски ден и за нашиот тим. Здраво машко бебе дојде денес на свет со тежина од 3200 грама, зачнато кај нас, со следена бременост во нашата болница!
Оваа родилка е една од највозрасните пациентки на овие простори, која на речиси 60 - годишна возраст, ја донесе својата прва рожба.
Станува збор за највозрасната жена што успешно има доносено и родено здраво дете на нашиве простори. Силната желба за бебе и нашите професионалци во целиот процес беа идеален спој, за и оваа семејна сторија да успее:
,,Бременоста ја постигнавме во нашата болница, по успешно спроведена ин витро постапка со донирани јајце клетки. Пред ин витро процедурата на пациентката и имам извршено хистероскопска операција со ресекција на септум - преграда во матката. Повеќе години пред лекувањето пациентката немаше менструални циклуси.
Целиот процес на лекување и самата ин витро постапка бараат многу знаење, посветеност и љубов кон самата професија. Целата бременост беше следена во нашата Болница и целокупната бременост протече сосема нормално", истакнува за овој несекојдневен успех доктор Стојан Органџиски, директор на Болница ,,Д-р Органџиски" и гинеколог што истрајно и со силно знаење ја водеше бременоста на оваа среќна мајка.
Поради тоа што пациентката не живее во Македонија, се породи денес во Софија. Штип за неа значи многу. Во нашата Болница е зачнат ембрионот на нејзиното здраво бебенце, благодарение на професионалната умешност на доктор Стојан Органџиски во спроведувањето на ваквите успешни ин витро процедури.
За успехот и за вложените знаења и енергија, заслужен е и целиот негов тим, на кој му упатува безусловна благодарност, а посебно на д-р Верица Органџиска и на главниот ембриолог во ин витро лабораторијата на Болницата, Емилија Миовска.
Среќа е да се подарат среќа и бебешки плач во уште еден дом!
Успех е да се оствари најголемата желба на секоја жена - да се биде мајка!
🤱 На речиси 60 години, денес се породи пациентката на д-р Стојан Органџиски, по успешно спроведена ин витро процедура! 🔝 Историски ден и за нашиот тим. Здраво машко бебе дојде денес на свет со тежина од 3200 грама, #зачнато кај нас, со следена бременост во нашата #Болница! 👉 Оваа родилка е една од #највозрасните пациентки на овие простори, која на речиси 60 - годишна возраст, ја донесе својата #прва рожба. 👉 Станува збор за највозрасната жена што успешно има доносено и родено здраво дете на нашиве простори. . . . . . 🤰🏨 Силната желба за бебе и нашите професионалци во целиот процес беа идеален спој, за и оваа семејна сторија да успее: 📣 ,,Бременоста ја постигнавме во нашата #Болница, по успешно спроведена ин витро постапка со #донирани јајце клетки. Пред ин витро процедурата на пациентката ù имам извршено хистероскопска операција со ресекција на септум - преграда во матката. Повеќе години пред лекувањето пациентката #немаше менструални циклуси. Целиот процес на лекување и самата #ин #витро постапка бараат многу знаење, посветеност и љубов кон самата професија. Целата бременост беше следена во нашата Болница и целокупната бременост протече сосема нормално", #истакнува за овој несекојдневен успех доктор #Стојан Органџиски, директор на Болница ,,Д-р Органџиски" и гинеколог што истрајно и со силно знаење ја водеше бременоста на оваа среќна мајка. . . . . . 👉 Поради тоа што пациентката не живее во Македонија, се породи денес во Софија. #Штип за неа значи многу. Во нашата Болница е зачнат #ембрионот на нејзиното здраво бебенце, благодарение на професионалната умешност на д-р Стојан Органџиски во спроведувањето на ваквите успешни ин витро процедури. 🔝 За успехот и за вложените знаења и енергија, заслужен е и целиот негов тим, на кој му упатува безусловна благодарност, а посебно на д-р #Верица Органџиска и на главниот #ембриолог во ин витро лабораторијата на Болницата, Емилија #Миовска. . . . . . 🎉 Среќа е да се подарат среќа и бебешки плач во уште еден дом! 🔝 Успех е да се оствари најголемата желба на секоја жена - да се биде мајка! 🍀 Во име на целиот тим на Болница ,,Д-р Органџиски" на мајката и на новороденото синче им посакуваме многу здравје и семејна среќа во текот на целиот живот! . . . . . 🎉 31 година заедно создаваме иднина. Болница што влева верба во иднината. Болница ,,Д-р Органџиски" - Штип. ✅️ Ин витро оплодувањето - ваш мост до родителството.
-->Posted by Болница Д-р Органџиски / Hospital Dr. Organdziski on Wednesday, November 22, 2023