Емра Куртишова сподели фотки со сопругот и од раѓањето на ќерката: „Два дена се најважни во животот...“
- Детали
- среда, 13 декември 2023
„Два дена се најважни во животот, денот кога си роден и денот кога ќе дознаеш зошто“ – овој цитат од Марк Твен, Емра Куртишова го стави до краткото видео на Инстаграм во кое сподели повеќе фотографии со сопругот Петар Стојанов, но и со ќерката Лена.
Актерката која се прослави благодарение на улогата на Исаура во серијалот „Преспав“, Емра Куртишова, во јуни годинава стапи во брак со актерот Петар Стојанов.
Taа на својот Инстаграм профил објави кратко видео во кое сподели повеќе нивни заеднички фотографии што досега не сме ги виделе, а што ја одбележаа годината што измина.
Фотки од нивните заеднички излегувања, од вереничкиот прстен, но и од свадбата, од раѓањето на нивната ќерка Лена...
Нејзините следбеници имаа можност да видат повеќе интимни мигови од нивниот приватен живот, иако Емра е позната по тоа што ретко споделува детали од својот приватен живот.
„Два дена се најважни во животот, денот кога си роден и денот кога ќе дознаеш зошто“ – напиша таа до фотографиите.
За потсетување, Емра и Петар станаа родители на малата Лена во октомври годинава, откако парот долго време криеше од јавноста дека очекуваат нов член во семејството.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело