Ноне покажа како навистина изгледа посетата на пирамидите во Египет - Многу луѓе и коњски кочии
- Детали
- петок, 01 декември 2023
Ноне откри дека додека јавале камила, мажот кој ги водел се ценкал со нив колку пари ќе им наплати, но покажа и како изгледаат камповите со камили и коњи каде сите чекаат туристи, а со тоа го долови Египет на начин кој најчесто не се гледа на совршените фотки на Инстаграм.
Поранешната пејачка, Ноне Неделковска, која со години работи на брод, е во посета на Египет.
Таа објави неколку фотографии и видеа и покажа како навистина изгледа посетата на пирамидите – гужва од туристи, локалци, коњски кочии, камили...
И, го долови на начин кој најчесто не се гледа на совршените фотки на социјалните мрежи.
Ноне откри и дека додека јавале камила, мажот кој ги водел се ценкал со нив колку пари ќе им наплати, како изгледаат камповите со камили и коњи каде сите чекаат по некој турист, но и како се облечени локалците...
„Големата пирамида во Гиза, Египет. Забавен факт – тоа е највисоката рачно изградена градба на Земјата пред скоро 4.000 години. Светско чудо“, напиша таа.
„Ноне, ти знаеш да живееш“, „Задолжително да влезеш во големата пирамида“ – ѝ напишаа следбениците на Инстаграм во коментарите.