Миа Костова за патувањето во Дубаи: „5 дена може да се поминат со 500 долари, намерно остававме работи и никој не ги краде“

„Згодна, па и плавуша, можам да замислам како те ѕиркале шеициве“, стои во коментарите.

„Машала и плавуша, ќе ме украдеа“, се пошегува таа.

mia-kostova-za-patuvanjeto-vo-dubai-5-dena-mozhe-da-se-pominat-so-500-dolari-namerno-ostavavme-raboti-i-nikoj-ne-gi-krade-16.jpg

Миа одговори и дека нејзиниот син Андрија бил воодушевен од сè што видел, до толку што ѝ кажал дека ова му е „патување на животот“.

„Мислам дека уште не е свесен што виде и нема да може да одбере. Полуде од среќа на сафарито, уживаше во акварпаркот, аквариумот, на Бурџ Халифа. Уште е збунет“, вели таа.

mia-kostova-za-patuvanjeto-vo-dubai-5-dena-mozhe-da-se-pominat-so-500-dolari-namerno-ostavavme-raboti-i-nikoj-ne-gi-krade-18.jpg

А има ли нешто што не ти се допадна?

„Ништо, освен влажната клима поради која не знам како се живее во јули, на пример. И преклиматизираните молови, такси, тоалети од кои не знаете кај ви е главата кога ќе излезете“.

mia-kostova-za-patuvanjeto-vo-dubai-5-dena-mozhe-da-se-pominat-so-500-dolari-namerno-ostavavme-raboti-i-nikoj-ne-gi-krade-03.jpg

Таа призна и дека не ја фасцинирало морето. Иако се бањале, водата била претопла, па не успеале да се изладат на горештините.

mia-kostova-za-patuvanjeto-vo-dubai-5-dena-mozhe-da-se-pominat-so-500-dolari-namerno-ostavavme-raboti-i-nikoj-ne-gi-krade-14.jpg

Миа ја посети и познатата Бела џамија во Абу Даби (Sheikh Zayed Grand Mosque), но призна дека тоа е единственото нешто што го видела од Абу Даби, па затоа не може да направи споредба од двата града.

Сепак, не го криеше своето воодушевување од грандиозноста на градбата, па кажа и дека кога биле таму, водичите на патувањето им откриле дека за дел од џамијата е користен прилепски мермер.

mia-kostova-za-patuvanjeto-vo-dubai-5-dena-mozhe-da-se-pominat-so-500-dolari-namerno-ostavavme-raboti-i-nikoj-ne-gi-krade-22.jpg

Според правилата во џамијата, жените мора да бидат покриени од глава до петици за да влезат таму.

Па, така, Миа откри дека од Скопје си понела долга наметка, а дека купила шамија која ќе ѝ ги покрие косата, вратот и градите.

mia-kostova-za-patuvanjeto-vo-dubai-5-dena-mozhe-da-se-pominat-so-500-dolari-namerno-ostavavme-raboti-i-nikoj-ne-gi-krade-07.jpg

„Не поминува ни проѕирна тенка марама или ако ви се ѕиркаат нозете преку проѕирната наметка. Пред влезот, ве проверува вработена, и ако облеката не е соодветна, може да не ве пушти да влезете.

Обезбедувањето може да побара да избришете фотка или видео – мора да се фотографирате мирно и без пози кои не доликуваат на свето место, на пример два кренати прста, ‘изводење’ или непристојност.

И фотографирате само на точки обележани дека смее да се фотка“.

mia-kostova-za-patuvanjeto-vo-dubai-5-dena-mozhe-da-se-pominat-so-500-dolari-namerno-ostavavme-raboti-i-nikoj-ne-gi-krade-17.jpg

За крај, Миа заклучува:

„Едно знам сигурно – нема ништо слично на Дубаи. Не наликува на ниеден друг град. Но, не може со душата на Италија или Швајцарија.

На моменти се чувствува недостаток на некоја планина и малку природа во однос на облакодерите и температурата од 60 степени.

Па, дури и по некој дожд, кој во Дубаи не постои. Во секој случај, неповторливо искуство“.

mia-kostova-za-patuvanjeto-vo-dubai-5-dena-mozhe-da-se-pominat-so-500-dolari-namerno-ostavavme-raboti-i-nikoj-ne-gi-krade-05.jpg

Повеќе фотографии и видеа на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Миа Костова ужива на зајдисонце на Санторини, Катарина Ивановска спортува со дечкото: Што прават мак... Сузана Турунџиева (55) - фит во бикини, Миа Костова минува незаборавни мигови со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg