Миа Костова за патувањето во Дубаи: „5 дена може да се поминат со 500 долари, намерно остававме работи и никој не ги краде“
- Детали
- среда, 25 октомври 2023
„Едно знам сигурно – нема ништо слично на Дубаи. Не наликува на ниеден друг град. Но, не може со душата на Италија или Швајцарија. На моменти фали некоја планина и малку природа, во однос на облакодерите и температурата од 60 степени. Дури и малку дожд, кој во Дубаи не постои. Во секој случај, неповторливо искуство“, вели Миа Костова за патувањето во Дубаи.
Миа Костова се врати од патувањето во Дубаи, каде што беше со синот Андрија и Тијана Скулиќ, и неколку заеднички пријатели. И додека беа во Обединетите Арапски Емирати, Миа секојдневно споделуваше импресии од патувањето.
Но, таа сега им даде можност на своите следбеници на Инстаграм да ја прашаат сè што ги интересира за нејзиното патување, но и за нејзините впечатоци од местата што ги посети.
Таа беше во Дубаи 5 дена и вели дека со набиена агенда, како што ја имале тие, успеале да посетат многу работи. Сепак, на своите следбеници им препорача 10-тина за уживање и релаксирани посети на сите места.
Миа откри дека самиот пат е напорен, бидејќи веќе не постои директен лет од Скопје.
„Конекцијата е навистина напорна. Од Скопје со комбе до Тирана (4 часа), летот од Тирана до Абу Даби е 5 часа, а оттаму уште 2 часа со комбе до Дубаи. И назад исто...“, вели таа.
Колку џепарлак е потребен за едно вакво патување за да си поминеш солидно?
„Сите имаме различно солидно. Ако се вметнат еикскурзиите кои се плаќаат и јадење нешто од мол или брза храна, веројатно некои 500 долари се во ред.
Ако оброците ви се по ресторани или сакате да излезете на пијачка и да почувствувате луксуз, не ве 'крпат' ни 3.000 долари“.
Дали е навистина толку чисто, па ако прошеташ по бели чорапи, остануват чисти?
„Буквално! Пробај да најдеш нешто на земја,“ напиша таа.
Миа одговори и на прашање поврзано со безбедноста во земјата. Па вели:
„Познато е дека е најбезбеден град на светот. Сосема случајно испробавме да 'заборавиме' чанта, телефон во Starbucks, најдовме заборавени очила во тоалет. Каде и да оставиш нешто, на истото место го наоѓаш.
Нашите кои живеат таму рекоа дека ‘малтене’ не поседуваат клуч од дома, а не заклучуваат ни кога одат на одмор“.
На прашањето каква е храната во Дубаи, Миа откри дека ја сака традиционалната арапска кујна.
„Ако прашуваш за ресторани кои се прилично ‘солени’, веројатно тоа е најдобрата храна која ја имам пробано во животот“, призна таа.
„Мислев дека Дубаи нема да ти ‘легне’, вештачки создаден град. Ти си ми медитерански тип“, беше еден од коментарите на следбениците.
Но, Миа вели дека иако навистина е медитерански тип, Дубаи многу ѝ се погодил за шетање.