Годините за овие дами се само бројка: Како изгледале македонските водителки во младоста?
- Детали
- недела, 22 октомври 2023
Ели Танасковска зборува повеќе јазици, Ирена Спировска има завршено медицина, а Татјана Стојановска е економист, но уште во младоста се определиле за телевизијата. Погледнете како изгледале некои од нашите водителки на почетокот на својата кариера...
Овие македонски водителки се вбројуваат меѓу жените кои стареат како доброто вино.
Долги години се препознатливи ТВ лица, но на повеќето од нив водителството и новинарството не им било првична професија.
Нешто што е заедничко за сите нив е тоа што почетоците во водителството им биле во националниот сервис.
Мора да се признае дека за нив времето како да запрело и денес пленат со својот шарм и убавина.
Погледнете како изгледале нашите најдобри водителки во младоста и што работеле:
Татјана Стојановска
Многумина ја нарекуваат македонската Моника Белучи.
Во 1992 година Татјана ја освоила титулата Мис на Македонија.
Кога запишала средно економско имала во план да работи во таа област, но животот ја однел по други патишта.
По изборот за Мис таа почнува да работи како водителка во МТВ, а потоа и како презентер на вести.
Досега работела во неколку телевизии, водела многу фестивали и настани, а моментално е презентер на информативната програма на Канал 5 телевизија.
Во 1999 година дипломирала на Еконосмкиот факултет на УКИМ, а 15 години подоцна станува магистер по човечки ресурси.
Татјана не е некој кој премногу експериментира со изгледот и не се има многу променето од почетокот на својата кариера.
Билјана Дебарлиева
Дебарлиева отсекогаш била препознатлива по својата руса коса, нежниот изглед, одмереноста и елегантниот стил.
Младешкиот изглед го одржува со континуирана нега и на телото, но и на духот.
Со новинарство започнала да се занимава во 1993 година кога имала 21 година. Погледнете како изгледала во младоста:
Ирена Спировска
Ирена ја гази петтата деценија од животот и зад себе има успешна 30-годишна кариера.
Но, годините за неа се само бројка.
Секогаш е на висина на својата задача, средена од глава до пети.
Завршила средно медицинско училиште, но никогаш немала амбиции да се занимава со медицина.
Се запишала на студии на Филозофскиот факултет и уште оттогаш започнала со ангажмани во Македонската телевизија.
Не се има многу променето од почетокот на кариера, а кадравата коса е нејзин заштитен знак.