Елена Најдоски му го прослави роденденот на сопругот на романтично патување во Венеција (фото)
- Детали
- петок, 13 октомври 2023
Елена и Бојан се забавуваа додека се шетаа низ уличките на Венеција, меѓу бројните канали и гондоли, но и надалеку познатите продавници за маски. Не изостанаа ни италијанските специјалитети и вино, па роденденот на Бојан го прославија во ресторан со традиција од 1931 година.
Водителката Елена Најдоски и нејзиниот сопруг Бојан се на романтично патување во Венеција.
Во еден од најубавите италијански градови, тие го прославија роденденот на Бојан, со вечера во познатиот ресторан Cipriani, кој датира од 1931 година.
„Едноставен, елегантен, добра храна“, напиша таа на фотките од роденденската вечера што ги сподели на Инстаграм.
Елена и Бојан се забавуваа додека се шетаа низ уличките на градот, меѓу бројните канали и гондоли, но и надалеку познатите продавници во кои се продаваат венецијанските маски.
Не изостанаа ни италијанските специјалитети и вино.
Го посетија и плоштадот Сан Марко, а водителката не го криеше своето воодушевување.
„Немаше подобар тајминг за посета на Венеција. А овој поглед е бесценет“, напиша таа.
Елена и овојпат не потфрли со стилот, па за посетата на Италија избра едноставни, а впечатливи комбинации.
Водителката и нејзиниот сопруг обожаваат да патуваат, па често се на некоја интересна локација, ги истражуваат знаменитостите на местата што ги посетуваат, но уживаат и во добрата локална храна и вино.