Најубавата македонска спортска новинарка објави фотки од одморот со сопругот - блеска во розово монокини (фото)
- Детали
- четврток, 10 август 2023
Во розов костум за капење, но и во прекрасен шарен фустан, Јана Серафимова преку фотографиите и видеата што ги објавува на Инстаграм се обидува да ни ја долови убавината на местото каде што во моментов се наоѓа на одмор со сопругот.
Нашата спортска новинарка Јана Серафимова деновиве ужива на одмор со сопругот Горан Петровски.
Таа не открива на која локација се наоѓа, но затоа нејзините фотографии на Инстаграм мамат воздишки.
Преубавата македонска новинарка се фотографираше во розово монокини, но и во шарен фустан, а преку пејзажите ни ја доловува природната убавина на местото каде што таа и нејзиниот сопруг одлучиле да го поминат одморот.
Инаку, Јана на македонската публика ѝ е позната како водителка и автор на спортската емисија „Ферплеј“ што се емитува на програмата на ТВ Телма, а минатата година во јуни, таа стапи во брак со Горан.
Погледнете повеќе фотки од одморот на Јана:
Б. С. Б. | Црнобело