Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење избраа познатите Македонки летово?
Јелена Спенџарска
Водителката Јелена Спенџарска е некој кој преку целата година работи на својот изглед и фигура, па својата витка линија без проблем ја истакнува и во минијатурни бикини.
Секогаш е во тек со најновите модни тендови, па од нејзините фотографии со сигурност ќе добиете идеја како да бидете одлично стилизирани и на плажа.
Александра Пановска Илиевска
Водителката Александра Илиевска е некој кој го негува едноставниот и елегантен стил на облекување, па токму таквите костими за капење се нејзин избор за на плажа.
Мартија Станојковиќ
Кој може да остане рамнодушен на убавината на младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ?
Потребна е храброст и совршено тело за да се облечат вакви бикини.
Андријана Јаневска
Пејачката Андријана Јаневска отсекогаш се вбрјувала меѓу најзгодните жени на нашата естрада и мора да се признае дека за неа времето како да запрело.
Андријана може да се пофали со беспрекорна линија, па без проблем позира и во дводелен костим за капење.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм