Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење избраа познатите Македонки летово?
- Детали
- сабота, 12 август 2023
Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одлично изгледаат во костими за капење. Сара Мејс беше во Хургада, а Миа Костова на Малдиви, на Корзика и во Турција... Каде беа другите познати македонски дами летово и какви костими облекоа?
Грција, Египет, Кипар се дестинациите кои беа најчест избор годинава за летен одмор за познатите личности од земјава, а некои од нив уживаа и во убавините на Македонија.
Доколку планирате да одите на одмор наредниов период, а сѐ уште не сте си купиле костим за капење, нашите дами ќе ви послужат како инспирација.
Модните трендови годинава се навистина разнолики. Покрај едноставните и минималистички костими за капење, се истакнуваат оние во силни бои кои се совршен избор за жените кои сакаат да се издвојат од масата.
Познатите Македонки ги наполнија своите Инстаграм профили со фотографии преку кои јасно покажаа дека за својата линија воделе сметка преку целата година.
Некои од нив се сончаа во бикини, а некои се одлучија и за едноделни костими за капење кои одлично им прилегаат и на оние кои сакаат да го прикријат вишокот на килограми.
Сара Мејс
Хургада беше изборот за летен одмор на пејачката Сара Мејс и нејзиното семејство годинава.
По раѓањето на своето второ дете Сара ја доведе до совршенство својата линија, а тоа е јасно видливо од фотографиите на кои позираше во бикини.
За снимањето на реклама за еден бренд, Сара позираше и во едноделен костим за капење и костим чиј долен дел е со висок струк, во ретро стил, што е одличен избор и за покрупните дами.
Викторија Лоба
Викторија Лоба и годинава покажа дека има тело за чиста 10-ка. На нејзината совршена фигура, односно рамниот стомак, може многумина да ѝ позавидат.
Бикините во впечатливи бои беа нејзин избор годинава.
Миа Костова
Годинава водителката и инфлуенсерка Миа Костова го сруши сопствениот рекорд за посетени земји.
На нејзиниот Инстаграм профил ќе наидете на фотографии од места во светот од кои застанува здивот.
Миа е некој кој одлично умее да ги истакне совршеностите на своето тело, а вешто да го сокрие тоа што сака. Тоа ѝ успева и со костимите за капење. Најчесто одбира дводелни костими за капење, чиј долен дел е со длабок струк.
Ваквиот костим одлично го обликува пределот околу стомакот.
Мелита Ракичевиќ
На Мелита никогаш не ѝ недостига храброст да позира во провокативна гардероба, а дека ужива во својата кожа покажа и летово на плажа во Охрид.
И во бикини и во едноделни костими за капење Мелита изгледа самоуверено.