„Не е реално колку си убава“ – Македонка ја заслужи титулата Барби од реалноста (фото)
- Детали
- понеделник, 31 јули 2023
По водителката Марјана Станојковска, пејачката Туна Сејдиу, инфлуенсерката Агнеса Органџиева и професорката и инфлуенсерка Калтрина, и манекенката Илариа Кирилов влезе во светот на Барби. „Градот беше сведок на ‘мал милион’ Барби имитации и секоја од нив беше автентична на свој начин, но вистинското прашање е следно: Која е вистинската македонска Барби?“
Манекенката Илариа Кирилов се фотографираше како Барби, во фотосесијата која ја направи фотографот Мартин Трајановски.
Розов телефон, ролерки, светки, розово столче за на плажа, Барби фризура и аутфит – сè на фотосесијсата беше осмислено до последниот детаљ, вклучувајќи го и весникот со наслов:
„Градот беше сведок на ‘мал милион’ Барби имитации и секоја од нив беше автентична на свој начин, но вистинското прашање е следно: Која е вистинската македонска Барби?“
Фотките од прекрасната фотосесија привлекоа огромно внимание во јавноста.
„Конечно излезе нашиот Барби едиторијал. Не знаете колку се забавувавме додека го правевме. Многу сме среќни и горди на овој луд проект“, напиша Мартин, кој ги објави фотографиите на својот Инстаграм.
Серијата фотки има многу позитивни реакции.
„Не е реално колку си убава“, стои во коментарите.
Фотосесијата на Кирилов доаѓа во време кога светската сцена е преплавена со фотографии и видеа од филмот Barbie со Марго Роби и Рајан Гослинг, а кој е еден од најголемите хитови летово.
Претходно во стилот на куклата Барби се фотографираа уште неколку познати Македонки, вклучувајќи ги водителката Марјана Станојковска, пејачката Туна Сејдиу, инфлуенсерката Агнеса Органџиева, професорката Калтрина...