Даниел Кајмакоски на одмор со сопругата и 3-месечното синче: „Создаваме убави спомени“
- Детали
- петок, 28 јули 2023
Даниел Кајмакоски ужива на одмор со семејството. На Инстаграм сподели повеќе фотки од 3-месечното синче Стефан, кој се роди во април годинава.
Нашиот пејач Даниел Кајмакоски на Инстаграм објави нови фотки од одмор со сопругата и синчето.
„Создаваме убави спомени“ – напиша тој до фотката.
Инаку Даниел не откри каде се упатиле годинава на одмор, но одлучи да ги почести своите следбеници на Инстаграм со неколку семејни фотки на кои се гледа неговото 3-месечно синче и втората сопруга, чијшто идентитет вешто го крие од јавноста.
Пејачот има уште еден 6-годишен син Давид од бракот со пејачката Кристина Димитри, а на 30-ти април 30-ти април годинава го доби синот Стефан, откако во јануари стапи по вторпат во брак со мистериозната црна девојка со која минатата година беа заедно во Охрид.
Погледнете уште фотки од семејството на Даниел Кајмакоски:
Б. С. Б. | Црнобело