Даниел Кајмакоски ужива во Охрид со анонимна црнокоса – пејачот има нова девојка? (фото)
- Детали
- среда, 07 септември 2022
Даниел Кајмакоски деновиве на Инстаграм Стори објавуваше фотографии од плажа на кои се гледаа нозе од девојка, а сега и официјално откри дека е на одмор во Охрид со една слатка црнокоса, која најверојатно е негова нова партнерка.
По бракот со Кристина, од кој доби и син, ова е првпат нашиот музичар да открие нешто од случувањата кај него на приватен план.
Тој очигледно со неа ужива на неговото омилено место - манастирот Свети Наум во Охрид.
Во описот од фотографиите со девојката чиј идентитет уште не го открива, Даниел напиша:
„Преку 30 години го посетувам ова место и уште е иста молитвата и желбата за мене и моите најблиски, а и за сите луѓе на овој свет. Господе дај ни здравје, мир, љубов и повеќе време со оние кои најмногу ги сакаме. Ви ја праќам сета љубов од ова свето место.“
С. С. | Црнобело